ИСПОВЕД НА СИЛУВАНА ДЕВОЈКА: Едно влегување во ДИСКО, ми го упропасти животот!

Ноќта која бев силувана започна со проштална прослава. Бев пред голема животна промена, се селев од Белград во Италија, Милано.Имав 23 години и се уште барав работа, почувствував дека е време да се фрлам во вистинската страст: уметноста и дизајнот.
Отидов во Милано за да се занимавам со манекенство, но таму запишав графички дизајн, некое време работев и во бутик и во рестораните. Живеев за да си го реорганизирам животот, и да започнам со вртење на нов лист.
Неколку дена пред заминувањето од Белград, пет најблиски пријатели ме изнесоа на вечера во ресторан во кој претходно работев како келнерка. Поминавме супер… За три часа испив две три мартини со многу убава и обилна вечера. Околу 11:30 часот одлучивме да одиме во еден клуб. Не се чувствував пијана. Знам да се контролирам и да прекинам да пијам ако почнува да ме фаќа. Многу сум висока и имам прилично атлетска градба, па затоа и не ме фаќа толку. Во клубот ги честев пријателите по едно пиво па дури и самата се напив од истото, потоа отидов да играм со еден пријател Вук. По половина час играње се упативме кон шанкот, каде и ме пресретнаа две момчиња со кои започнав конверзација, па еден од нив дури и ме понуди да ме почести пијачка.
Данило и Горан делуваа совршено нормално, а јас сум една пријателски настроена личност, просто немам обичај нељубезно да ги откачувам луѓето. Затоа и се согласив. Данило отиде до шанкот и се врати со три пијачки. Го испив своето, но сфатив дека во пијачката која ми беше дадена имаше дрога.

 
Утредента се разбудив во непознат кревет, прашав каде се наоѓам а до мене лежеше момче по име Горан. Бевме во некоја дупка од стан на непозната улица. Најлошо е тоа што се сеќавав на неколку секунди секс со Горан додека Данило се обидуваше да ни се придружи а јас го отфрлав.
Штом дојдов до состојба да зборувам го прашав Горан кој е тој и каде се наоѓаме. Тој се однесуваше нормално како ништо да не се случило. Ми одговори дека заедно сме дошле тука и каде точно се наоѓаме.
Бев толку збунета и многу ми беше непријатно. Како можеше тоа да ми се случи? Да завршам во непознат стан со двајца мажи кои не ги ни познавам. Се сомневав дека е дрога и го прашав Горан за тоа а тој низ смеа ми одговори не само повеќе испи.
Подоцна од терапевтите за помош на силуваните жртви дознав дека таквата реакција е многу честа. Кога се користи таа дрога жртвата на ништо не се ни сеќава. А бидејќи силувањето по испиената дрога чесно не се физички насилни, жените обично мислат дека сама се довела во таа ситуација.
Поминав некое време со полициските инспектори обидувајќи се да откријам каде ме однесоа, дури се возевме низ градот но на ништо не се сеќавав, бевме до клубот да бараме снимки од сигурносните камери од таа вечер но ги немале… Се ми беше залудно. Сега разбирам колку често им се случува на девојките да бидат силувани а тоа да не го пријават во полиција.Имав 23 години и се уште барав работа, почувствував дека е време да се фрлам во вистинската страст: уметноста и дизајнот.
Отидов во Милано

Пронајдете не на следниве мрежи: