Биолошките родители на Адам одбиле да го одведат дома откако се родил. Тие изјавиле дека ќе го отрујат од срам доколку докторите ги присилат да го земат со себе.Имено, Адам е роден со здрав мозок, срце и бели дробови. Но, дошол на свет без очни капаци, нос и дланки, а нозете му се споени.
Родителите биле толку ужаснати од него, што рекле дека или ќе го остават својот син или ќе го убијат.
Раџа и Џесика Полреј, брачен пар, а истовремено доктор и медицинска сестра кои го лечеле Адам, не можеле да го поднесат тоа. Џесика го држела малото бебе во своите раце. Таа и Раџа знаеле дека мораат да го посвојат.
На Адам му било дијагностицирано ретко генетско пореметување Бартсокас- Папас синдром. Парот го одвел својот нов син кај специјалисти и минал низ неколку хируршки зафати. Но, медицинските трошоци станувале сѐ поголеми.
Потоа се случило чудо. Заедницата се собрала и за седум дена биле собрани 100.000 долари за бебето кое „никој не го сакал“. Сега, Адам е во состојба да ги затвори своите очи и да ја затвори устата.
„Дали ќе биде совршен? Да, веќе е совршен. Дали ќе биде совршен според светските стандарди? Никогаш“ – рекол докторот на Адам, Џон ван Алст.
Адам денес е здраво и весело бебе.



