Дали е тоа поради фактот што е зачнато токму на Денот на вљубените или е чиста случајност, бебето Пупи Реј, родено во ноември, има белег во форма на срце и тоа токму на челото.Пупи сега е шестмесечно бебе, но на вториот ден од раѓањето ѝ се појави црвен белег во форма на срце на челото. Мајката се загрижила, па го однела девојчето на лекар.
Џејн вели дека лекарите ја уверувале дека белегот е само отисок од притисок и дека ќе помине за неколку часа.
„Не можевме да веруваме кога го видовме срцето на најзиното чело, посебно кога сфативме дека е зачната на Денот на вљубените. Каква прекрасна случајност“ – вели мајката на бебето и додава:
„Тој факт дефинитивно ни го направи Денот на вљубените посебен. Пупи Реј е нешто како наш мал Купидон. не можеме да престанеме да ја сакаме неа и нејзиното лице.“
Бидејќи белегот не исчезнал, ја однеле повторно на лекар кој флеката ја препознал како белег и рекол дека може да петтата година од животот на бебето да исчезне, но и повторно да се појави во текот на животот.
Џејн и Лиам едноставно се воодушевени од своето бебе и не би сакале белегот на љубовта да исчезне.
Пупи сега е шестмесечно бебе, но на вториот ден од раѓањето ѝ се појави црвен белег во форма на срце на челото. Мајката се загрижила, па го однела



