Следете ги овие правила и наутро ќе бидете спремни за нови работни победи.-Јадете повеќе прехрамбени влакна: Заменете ги шеќерот и мастите со житарки, кои се богати со влакна, како и овошјето и зеленчукот. Не само што полесно ќе заспиете, туку, ќе имате и длабока опоравувачка дремка, што ќе ве подготви за претстојниот ден. Истражувањата на Универзитетот во Колумбија утврдиле дека и само еден ден со подобра исхрана значи подобар сон во тој ден.
-Променете ги светилките: Енергетски ефикасните светилки можеби се добри за околината, но се закана за сонот и во таа смисла можат повеќе да ви штетат од „жолтите“ сијалици. Можете да го земете во предвид и паметното LED осветлување, кое преминува од свежо бело утринско осветлување, кон благо портокалово светло за пред спиење.
-Исфрлете го правилото на осумчасовен сон: Експертите тврдат дека сонот мора да варира. Националната Фондација која се бави со сонот тврди дека луѓето можат да напредуваат ако имаат од седум до девет часа сон. Новите истражувања сугерираат дека седум часа сон е идеално за нашата оптимална и когнитивна функција.
-Фрлете го будилникот: Вашиот мозок преживува стрес кога ќе се разбуди со силен звук на аларм. Се препорачува да спиете со кренати ролетни за природно да ве разбуди сончевата светлина или ѕвоното на алармот да го означат звуци од природата, како што е црцорењето на птиците. Истражувањата покажуваат дека благата изложеност на светлината ја подобрува будноста, и ги зголемува металните и физичките способности и расположението.-Јадете повеќе прехрамбени влакна: Заменете ги шеќерот и мастите со житарки, кои се богати со влакна, како и овошјето и зеленчукот



