Кога нејзината ќерка се борела со зависноста од хероинот, Кејтлин Ерико сето тоа го трпела. Но, откако Кејсли починала кога имала само 23 години, нејзината мајка одлучила да ја сподели својата приказна со надеж да им укаже на луѓето за овој ужасен проблем.„Мислам дека тоа е како епидемија и дека се шири во толку голема мера, што луѓето забораваат да им кажат на децата“ – рекла мајката.
Од 2002 година до 2013 година, бројот на починати од предозирање на хероин во САД постојано расте.
„Сакам луѓето да знаат дека Кејсли беше личност, беше моја ќерка, беше сестра. Сакаше да живее и тешко се бореше од ден во ден против таа опасност“ – вели нејзината мајка.
Ерико го објавила нејзиниот искрен статус за нејзината ќерка на Фејсбук, со надеж што повеќе луѓе да ја видат нејзината порака и им да помогне на семесјтвата кои минуваат низ истиот пекол.
„Мојата убава Кејсли… Се надевам дека од небото конечно ќе видиш колку си сакана и колку луѓе беа погодени од твоето прерано заминување. Тоа е вистински доказ дека имаш оставено впечаток на секого кој те познаваше. Никогаш не сум мислела дека Бог така брзо ќе те повика. Во последната година беше вистински борец додека ја водеше битката со зависноста. Но, за жал зависноста ја доби војната…
Obituary for daughter who overdosed goes viral by WCVB
За луѓето кои не разбираат што е тоа зависност, ти си само еден статистички податок на личност што донесе лоша одлука. Многу лоша изјава, но сепак е тоа што тие ќе го кажат. Не се осврнувам на таквите, бидејќи луѓето коишто ме разбираат, знаат дека беше мое дете, моето најмладо дете и моето сѐ. Ти беше мајка, сестра, тетка, внука, пријателка, роднина, човечко битие и зависник.
Никогаш не ти беше важно туѓото мислење. Никогаш ти со твоите прекрасни очи не го виде тоа што ние останатите го видовме. Го виде искривениот одраз во огледалото. За себе си зборуваше дека си нестабилна, нестабилна, несреќна, осамена… Зависноста ти зборуваше како не си вредна за ништо. Хероинот ти говореше како може да направи да се чувствуваш прифатено, добро, нормално, сакано… Тоа што дрогата не ти го кажа е тоа дека ќе се распадне твоето семејство и ќе го оставиш во солзи, дека ќе ти ја земе работата и ќе те остави без пари, од тие прегратки ќе ти го земе синот, ќе ти го земе домот, насмевката, смислата за хумор, а најпосле и животот.
Две години не си живеела во куќата и доброволно влезе во програмата за рехабилитација само за да го вратиш животот и својот син. Напорно работеше и се бореше со својата апстиненција, но демонот сѐ уште те јадеше.
Беше 10 месеци чиста, но Бог имал други планови за тебе. ја виде твојата непрекината борба и одлучи да ти подари мир. Знаејќи дека твојот син е сакан, а истот го сакаше Бог и за тебе.“„Мислам дека тоа е како епидемија и дека се шири во толку голема мера, што луѓето забораваат да им кажат на децата“ – рекла мајката.


