Тајните на успехот според Ивана Трамп

Иако ќерката на најуспешниот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, Иванка Трамп, прва го популаризираше хаштагот #ВработениЖени, сепак нејзината мајка и поранешна сопруга на милијардерот, Ивана Трамп, е онаа која го измисли.Во 1980-тите години, Ивана Трамп ги измени правилата на сцената покажувајќи се како ангажирана мајка, но и жена со кариера, притоа пополнувајќи го своето време со работа, наместо шопинг и ручеци со пријателките.
„80-тите беа златни години“, се присетува Ивана. „Постоеше стереотип дека убавата и богата жена треба да остане дома, дотерана да ги пречекува гостите, да оди на ручеи, и да поддржува по некој хуманитарен настан, но јас не го сакав тоа“.
За седум години, Ивана роди три деца, при тоа работејќи како претседател и извршен директор на Хотел-Казино Трамп, и како претседател на Хотел Плаза во градот Њујорк. По потекло од Чешка, таа исто така е и магистер на Универзитетот Чарлс во Прага.
За разлика од многу сопруги во нејзиниот социјален круг, Ивана се посвети на кариерата, работејќи ентузијастично и енергично со часови. „Таа има повеќе енергија во малиот прст отколку што многу луѓе имаат во целото тело“, се смее ќерката Иванка.
Сега Ивана официјално е баба, поседува две фирми и е најпродаван автор и меѓународен јавен говорник. Неодамна таа беше во Њујорк, каде ќерката Иванка се породи, и споделуваше совети на тема бизнис, родителство и успех. Еве некои од нив:
-Најважна од се е организацијата
Знам што ќе правам во наредните неколку месеци. Како мајка и професионалец, мора да бидете многу организирани и да имате распоред. Кога моите деца беа мали, ги будев, доручкувавме, ги праќав во канцеларијата на татко им, која што се наоѓаше 10 спрата подолу, и седнував да работам додека тие се на училиште.
-Најдете им занимација на децата за да не тргнат по лош пат
Работев преку ден, а по училиштето моите деца имаа многу активности. Иванка одеше на балет, Ерик на цртање, одеа на секакви спортови. Навечер, заедно вечеравме и потоа откако ќе заспијат, одев на разни настани.
-Дефинирајте го успехот сами
Она што е важно е што всушност сакате да постигнете. Затоа, одредете ги целите, а потоа постигнете ги со дисциплина. Многу трудете се и бидете амбициозни. Ако го направите тоа, ќе постигнете се што сакате.

-Одредете си ги приоритетите
Теоретски, јас не требаше да работам. Требаше да одам на формални ручеци со сопругите, и понекогаш одев, но само ако имав слободен термин во распоредот со децата и во работниот распоред.
-Воспитувајте ги децата преку примери
Секогаш им велев на децата: Немојте да лажете и да крадете. Порано се шегував со Иванка: Немој да практикуваш ниеден спорт што не можеш да го играш во високи потпетици. Сепак, таа одеше на секакви спортови. Но, го запомни мојот совет: никогаш не ја запоставувај својата женственост. Џинџер Роџерс правеше се што од неа бараше Фред Астер, наназад и со потпетици.
-Напорната работа е клуч за успехот
Во 1980-тите години, бев една од првите екстремно успешни жени во Атлантик Сити. Го поседував најдоброто казино во Атлантик Сити, потоа отидов во Хотел Плаза и го направив најдобар хотел во Северна Америка и седмиот најважен хотел во светот. Мислам дека жените треба да се трудат повеќе. Заради тоа вработив толку многу жени, и дури половина од моите заменици и раководителки беа жени. Се трудиме повеќе, и колку повеќе се трудиме сме се поуспешни.
-Не заборавај на женственоста и облекувај се за себе
Жената никогаш не смее да заборави дека е жена. Ако работите во дворот, во ред е да носите фармерки, но ако сте во канцеларија и донесувате важни одлуки, важно е да изгледате како таква. Си го знам телото и знам што сакам. Се облекувам за да си се допаднам себеси, и на никој друг.
-Вредностите се вечни
Секое време е совршеното време за да се биде професионална жена. Со текот на времето, може да ги промените приоритетите или работата, но вредностите ќе ви останат.Во 1980-тите години, Ивана Трамп ги измени правилата на сцената покажувајќи се како ангажирана мајка, но и жена со кариера, притоа пополнувајќи го

Пронајдете не на следниве мрежи: