Ксенија Симонова го освои светот по макотрпниот живот во сиромаштија.По победата во украинското Тв шоу сликарката Ксенија Симонова го воодушеви светот.
„Кога сопругот и јас ја изгубивме работата и немавме со што да го нахраниме синот Димитриј (8), сфатив дека цртањето на песок би можело да им се допадне на луѓето“, рекла Ксенија Симонова (31).
Победничката на украинското шоу „Суперталент“ се научила да слика од својата мајка. Таа за време на викендите ги продавала своите уметнички дела на улиците на кримскиот град Јевпатори и ја водела ќерката со себе. Родителите ја одвраќале Симонова од сликарството бидејќи сметале дека нема да може да заработува доволно за основни животни потреби. Сепак, Ксенија не се откажувала и запишала студии по ликовна уметност на факултетот каде еден семестар ѝ предавала нејзината мајка.
„Спонтаното хоби ми стана стил на живеење. Работев ноќе додека мојот син спиеше. Се занимавав помалку од една година со сликање на песок кога Игор ме пријави за „Суперталент“. Многу се срамев и бев несигурна, но немавме пари“, рекла уметничката.
Многу повеќе почнала да заработува кога нејзиниот настап го виделе кустосите од светски познатите музеји и ја повикале да ја покаже својата вештина пред публиката. Во Стокхолм се сретнала со глумецот Шон Пен, кој ги купил нејзините дела.
„Направив студио во кое се снимам додека работам. Иако сега би можела, не купувам луксузни работи. Игор и јас основавме хуманитарно здружение кое импомага на децата од Крим“, заклучила Ксенија.По победата во украинското Тв шоу сликарката Ксенија Симонова го воодушеви светот.
„Кога сопругот и јас ја изгубивме работата и



