Сите сакаме убава, здрава и долга коса. Бидејќи косата е голем проблем кај многумина, постојат бројни третмани за коса што ветуваат побрзо растење, зајакнување и обновување на косата. Но, пред да се решите на трошок, ви препорачуваме да го пробате овој природен рецепт.Во нормални услови губиме од 50 до 100 влакна дневно. Тоа не може да се забележи со голо око, но, ако постојано ви паѓа косата, време е за грижење.
Состојки:
-Лажичка органски мед
-Жолчка од јајце
-Половина банана
-Половина чаша пиво
Подготовка: Изблендирајте ги сите состојки за да добиете хомогена смеса. За правилно да ја користите, смесата треба да биде како крем.
Употреба: Откако ќе ја подготвите смесата, нанесете ја на критичните места, а ако сакате можете да ја нанесете и на целата глава. Потоа, покријте ги нанесените места со целофан-хартија. Целта е местото да остане топло, за смесата да навлезе длабоко во кожата. По 2 часа, измијте ја косата со шампон. За третманот да има ефект, применувајте го еднаш неделно.Во нормални услови губиме од 50 до 100 влакна дневно. Тоа не може да се забележи со голо око, но, ако постојано ви паѓа косата, време е за грижење.



