Иако можеби на старите им треба повеќе време да пополнат крстозбор отколку нивните деца и внуци, на крајот ќе остават помалку празни коцкички во него од нив. Истражувањето што ја мереше интелигенцијата кај различните возрасти покажа интересни резултати.Човечката интелигенција го достигнува својот врв во различни стадиуми од животот, а според најновото истражување, се чини дека мозокот „се чува“ за златните години, открија Американски научници.
Способноста за брзо мислење и справување со информациите, познато како „флуидна интелигенција“ до неодамна се мислеше дека ја достигнува својата кулминација на околу 20 години, следена од бавен, но постојан пад.
Но, сликата е многу покомплицирана од тоа. Двајца научници од Инсититутот за Технологија во Масачусетс, и од Главната Болница на Масачусетс направиле онлајн тестови на интелигенцијата и на меморијата врз повеќе од 48,000 учесници. Истражувањето мерело околу 30 аспекти на интелигенцијата, вклучувајќи ја меморијата, визуелното помнење, и решавањето на сложувалки.
„Забележувавме во кои моменти овие когнитивни способности се наближуваа кон врвот, и сфативме дека не постои единствен момент на кулминација за сите способности. Едноставно, врвовите беа насекаде“, опишува коавторот на истражувањето Џошуа Хартшорн.
Кај учесниците кај кои процесирањето на информациите го достигнало својот врв околу матурските години, краткотрајната меморија се подобрувала се до 25-тата година, и не опаднала дури до 35-тата година од животот.
Способноста да се оценуваат емотивните состојби на другите луѓе не го достигнува својот врв се до 40-тата и 50-тата година, а најдобрите учесници во мерењето на вокабуларната интелигенција биле во своите доцни 60-ти или рани 70-ти години.
„Во секој момент, се подобрувате во нешто, се влошувате во нешто друго, и сте во застој со нешто трето.“, објаснува Хартшрон. „Најверојатно нема возраст во која го достигнувате врвот во повеќето критериуми, а уште помалку во сите нив“. Авторите ги припишуваат овие доцногодишни цветања на денешното образование, поголемиот број на интелектуални работни места, како и на подобрите начини на интелектуална стимулација за постарите луѓе. Тие посочуваат дека се уште е нејасно на кој начин мозокот ја поврзува интелигенцијата на молекуларно ниво, но некои претходни истражувања покажале дека можно е оваа улога да ја имаат промените во гените и структурата на мозокот. „Мозокот постојано се менува на многу динамични начини низ адолесценцијата и средовечната возраст“.
Истражувачите ги продолжуваат своите истражувања користејќи онлајн прашалници што содржат мали задачи што пак, служат за тестирање на социјалната и на емоционалната интелигенција, јазичните вештини и извршната функција на мозокот.
„Покажавме дека сите постоечки теории се погрешни. Сега прашањето е: Која е вистинската? За да дојдеме до тој одговор, се уште ни требаат уште многу истражувања и собирање на податоци“, изјави тој.Човечката интелигенција го достигнува својот врв во различни стадиуми од животот, а според најновото истражување, се чини дека мозокот „се чу



