Еве кој хормон е виновен за дебелеењето и како да го решите проблемот

Многумина низ светот го делат проблемот со дебелината, па затоа ако сте едни од нив, и ако диетите не ви помогнаа, можеби хормонот наречен лептин е оној што веднаш треба да го проверите и регулирате. Овој хормон се лачи од масните клетки и главна функција му е да ја контролира телесната тежина и нивоата на енергија. Хормонот функционира така што му сигнализира на мозокот дека нивото на енергија опаднало и треба да се јаде.Како што се дебелееме, телото испушта се повеќе лептин во крвниот систем, со цел да направи баланс и да го стимулира масното ткиво за да го согори вишокот на масти. Но, постојат случаи во кои што лептинот потфрла. Поконкретно, мнозинството на дебели луѓе развиле отпорност на лептинот во телото.
Што значи отпорност кон лептин и кога се случува?
Телото развива отпорност на овој хормон по долготрајна изложеност на него. Ова ја намалува чувствителноста на телото и го прави мозокот помалку чувствителен на наредбите да престане да јаде. Заради ова, слабеењето е навистина тешко. Друга голема причина за резистентноста кон лептинот е подложувањето на диети за брзо слабеење. Со гладувањето, лептинот уште повеќе го информира мозокот дека му треба храна. Освен оваа причина, треба да ги одбегнувате брзите диети и зашто се нездрави и можат да водат дури до болести.
Еве неколку примери на преработена храна што треба да ја избегнуваме бидејќи највеќе не прави отпорни на лептин: соковите, преработените шеќери, храната со голема количина на шеќери, како и храната со голема количина на масти.Како што се дебелееме, телото испушта се повеќе лептин во крвниот систем, со цел да направи баланс и да го стимулира масното ткиво за да го согори

Пронајдете не на следниве мрежи: