Трогателна исповед: Болна порака до момчето кое ја одбра дрогата наместо мојата љубов!

„Можеби те изнаверив. Можеби никогаш не сум ти била доволна. Но те сакав“, ја почнува својата болна исповед девојката чија врска била уништена поради дрога.Ова е се за што размислувам додека немирно се превртувам во креветот ноќе и се прашувам дали ти е ладно, дали си сам, преплашен или повреден.
Можеби ова го прават сите пред во мислите да мораат да ја погребаат личноста која ја сакале иако мислеле дека тоа „на нив никогаш нема да им се случи“.
Лошите работи им се случуваат на сите.

Од самата помисла на тоа ми паѓа мака. Само сакам да ти го слушнам гласот. Сакам да ми раскажеш лош виц кој нема да ми биде смешен.
Сакам да знам дека си безбеден.
Во моментот ми е лесно да помислам дека ја избра дрогата наместо мене и си помислувам дека си посреќен.
 
Но, тоа страе само момент, пред повторно да се сетам дека зависноста е болест. Се работи за ладнокрвно чудовиште кое уништува семејства и прекрасни луѓе секој ден и буквално никому не му е дојдено до тоа.

Рајан беше момче со впечатливи очи и заразна насмевка кој сонуваше да стане татко.
Го сакав. Се борев за Рајан кој толку ретко се појавуваше под зависник кој лаже, краде… Бев покрај Рајан и неговите промени на расположението и себичноста. Но тој секогаш на крај ја бираше дрогата. Го мразам човекот кој наместо мене ја избра дрогата, наместо својот син и своето семејство. Зависникот полека ја превзеде личноста која ја сакав и одбив да го препуштам на нереќната суднина.

Жалењето по личност која се уште е жива изгледа како губење време. Но кога ќе те видам, повеќе не го гледам Рајан, гледам чудовиште кое го обзеде. Останаа само остатоци од прекрасната личност која ја изгубила борбата со сите свои демони.
И покрај моите напори да те сапасам од самиот себе, гледав како белдееш и исчезнуваш. Беспомошен и безнадежен.
Долго бев со тебе бидејќи ти верував. Го видов твоето минато и твојата болка и сакав да ти пружам излез- излез кој не ја вклучуваше дрогата. Знам дека ти беше потребен, но едноставно никогаш не умееше да го пронајдеш. Сакав да ти покажам дека можеш да бидеш среќен, дека ја заслужуваш среќата.
Можеби те изневерив. Можеби едноставно не бев она што навистина ти беше потребно, а можеби само ги влошив работите. Но те сакав. Дури и сега, кога заминувам, го правам тоа со тешко срце.

 
Ти беше мојата личност. Мојот најдобар пријател и човек со кого сакав да го минам остатокот од животот. Никогаш немаше сомнеж- беше мојата вистинска љубов.
За нашата љубов се пишуваа песни. Можеше да биде вечна.
Но се држев за човек кој не беше таму.
Знаев дека не си во состојба да се грижиш за себе, туку само за тоа кога повторно ќе ја држиш дрогата во раце. Не можев да те поправам.

Ме ужаснува идејата дека си сам, да мислиш дека никому не му е грижа и дека немаш на кого да се потпреш.
Исто така знам и дека не можам да чекорам со тебе во тој самодеструктивен поход. Знам дека сум му потребна на нашиот син.
Моето разбирање и љубовта ти дадоа најголема шанса. И тоа е се. Го направи својот избор.Ова е се за што размислувам додека немирно се превртувам во креветот ноќе и се прашувам дали ти е ладно, дали си сам, преплашен или повреден.

Пронајдете не на следниве мрежи: