Видел старица како краде јајца. Неговиот гест ќе ве трогне

Ова е приказна, по која нема да престанете да размислувате за светот во кој живееме. Како вие би реагирале во оваа ситуација?Скоро секој ден гледаме луѓе како чепкаат во контејнери во потрага по корка леб. Еден човек од Хрватска бил сведок на сличен наста. Тој раскажува:
– Забележав една госпоѓа во демоде капут. Имаше седа коса, низок раст и лошо држење. Стоеше некако чудно во однос на фрижидерот пред продавницата, на кој имаше табла јајца. Ми изгледаше чудно. Имаше неприродна положба на телото. Затоа застанав на страна за да не ме забележи. Кутрата жена вадеше едно по едно јајце од кутијата и постојано се вртеше за да не ја види некој. Јајцата ги ставаше во излитена торба. Срцето ми застана. Целиот се наежив. Жената краде јајца кои чинат само една куна.  Но таа ме забележа.

 
Веднаш се засрами и се стаписа. Веднаш и се приближив и застанав до неа. Сакав црсто да ја прегрнам како да ми е мајка. Сакав да ја заштитам и утешам. Наместо тоа и дадов 200 куни. Таа ми ја стисна раката, ги зема парите и не проговори ниту збор. Потоа почна да плаче. Не знаев што да сторам. На крајот само се завртив и си отидов. Таа остана сама во животната стапица. Во стапицата каде до самата смрт ќе мора да краде јајца за да се прехрани. Неколку дена ќе биде сита. И не сум јас нешто посебно добар човек. Јас сум нејзин должник. Сите ние сме нејзини должници. Таа и нејзината генерација го создавале работите околу нас. А денес немаат.
Затоа добро погледнете околу себе. Грижете се за своите родители и сите добри луѓе кои ги познавате. И учете го своето дете да го прави тоа!
 
 Скоро секој ден гледаме луѓе како чепкаат во контејнери во потрага по корка леб. Еден човек од Хрватска бил сведок на сличен наста. Тој раскажува:

Пронајдете не на следниве мрежи: