Хелен Хинет на сајтот за поддршка на разведени мајки споделила исповед која би ја довела секоја жена до лудило. Во моментот кога на сопругот му ја соопштила најрадосната вест, тој ѝ дал невозможен избор.„Дали навистина ми го кажа тоа? Дали е можно? Знаев дека пред мене е невозможрн избор кој ќе ми го уништи бракот. Се започна во петок, беше јуни 2013. Се започна кога докторот ми се јави и ми честиташе бидејќи резултатите од крвната слика покажале дека сум бремена. Ми беше мило, иако не го планирав тоа. Му ја кажав прекрасната одлука и по изразот на неговото лице видов дека не е среќен. Ми кажа дека не сака дете, дека нема ни да зборува за тоа и дека нема потреба никому да му кажувам. Отидовме кај пријатели и јас цел викенд молчев и се јадев одвнатре.
‘Не сакам бебе’, ми рече, ‘и неа никогаш не ја сакав’ ми рече и покажа кон нашата едногодишна ќерка. ‘Се оженив со тебе и се согласив на детето поради тебе, доколку сакаш уште едно, нашиот брак е готов“ изјавил.
Ми се вртеше во глава, не можев да престанам да плачам. Се убедував себеси дека тој тоа никогаш не би го кажал, но штотуку го стори.
Два пати изгубив дете. За мене неговиот ултиматум беше незамислив. По цел ден се избегнувавме, а јас јадев како луда од очај. Потоа јас и ќерката имавме мала сообраќајна несреќа, а јас му кажав на докторот од итната помош, колешката од работа слушна и така се дозна. Кога сопругот дојде од работа, му реков да седне бидејќи трба нешто да му кажам. Одлучив, му кажав дека ќе абортирам за да го спасам бракот, но дека колегите баш се израдувале кога дознаа.
Ми рече дека ќе се јави кај мајка му да ѝ каже дека сум бремена, но дека тргнало на лошо и дека утре ќе биде прекината бременоста. Наместо тоа отидов на абортус. Штом се заврши, зажалив. Ме почека во автомобилот со букет цвеќе и честитка. Му се смачи.
Не можев да го погледнам. Пробав да го продолжам брачниот живот како се да е во ред, но се мразев и себе и него поради она што се случи. Паднав во депресија, а потоа почна да ме понижува бидејќи по цел ден бев по пижами, ме навредуваше и зборуваше дека сум се здебелила. Единствена утеха ми беше ќерката.
Кога таа , после уште една навреда на сопругот, ме праша ‘мамичке, дали повторно плачеш поради тато’ знаев дека е време да го завршам бракот.
Ќерката и јас се преселивме и живеевме како подстанари. Бев во толку лоша економска состојба што собата ја греев само кога детето беше дома. Беше тешко, но сфатив дека заслужувам многу повеќе. Не барам никој совршен, само некој совршен за мене“.„Дали навистина ми го кажа тоа? Дали е можно? Знаев дека пред мене е невозможрн избор кој ќе ми го уништи бракот. Се започна во петок,



