Малечка Ромка била отпишана од сите, а има поголем IQ од Ајнштајн!

Никол Бар има само 13 години и живее како чергар. Малечката Ромка патува од едно место до друго и едвај одела во училиште. Многумина би ја отпишале да не се случил еден судбоносен пресврт.Сѐ се случило во училиштето Есекс во Велика Британија, кадешто девојчето било просечно дете и делувало незаинтересирано за сите работи околу себе.
Сепак, нејзините учители забележале дека е талентирана, но по инсистирањето на нејзината мајка којашто тврдела дека е поразлична. Ѝ дале да полага Менса тест и откриле дека има поголем IQ од генијалците Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг.
Всушност, научниците тврдат дека спаѓа во групата од 1% најталентирани луѓе на светот. Нејзиниот коефициент на интелигенција е 162, за два поени повеќе од Ајнштајн.
„Нејзината интелигенција отсекогаш била очигледна. Можеше да решава математички задачи уште кога имаше две години. Таа вежба математика и сака глума, во слободно време учи кинески“, открива нејзината мајка.

Нејзиниот татко Џејмс има 36 години и работи како чистач и занаетчија. Живее одвоено од малата Никол. Тој вели дека неговата ќерка е вистинска гордост за ромската заедница.
„Сите во заедницата се горди на Никол. Тие велат `Видете и ние можеме“, изјавил нејзиниот татко.
„Луѓето зборуваат лоши работи за Ромите. Судат за книгата по корицата. Мојата мајка вели дека и ние сме луѓе кои прават добри работи“, изјавила малата Никол.
Девојчето во кое никој не верувал, сега доби повик од Оксфорд.
Вели дека сака да студира медицина. Просечна личност има IQ 100, а секоја бројка повеќе од 140 се смета за генијалец. Така што, никогаш не ги потценувајте луѓето. Којзнае, можеби гледате во новиот Ајнштајн.Сѐ се случило во училиштето Есекс во Велика Британија, кадешто девојчето било просечно дете и делувало незаинтересирано за сите работи околу себе.

Пронајдете не на следниве мрежи: