Еден веќе женет директор на приватна фирма, се оженил со 24-годишна директорка на друга фирма, но првата сопруга го „уловила“ за време на медениот месец.Извршен директор на една приватна фирма, иако веќе бил во брак, се оженил со млада директорка на друга фирма. Меѓутоа, за време на нивниот меден месец, во хотелот се појавила првата сопруга со уште неколку луѓе и ги пријавиле во полиција.
Невестата била изненадена откако дознала дека се омажила за женет човек.
Свадбата била одржана во хотел со пет ѕвезди во Коломбо (Шри Ланка), а прстенот наводно бил купен дури во Дубаи. Младоженецот на сопругата ѝ рекол дека оди на свадба кај свој пријател, а тогаш си заминал со луксузниот автомобил.
Од полицијата излезе информација дека младоженецот има 36 години и две деца (од 10 и 4 години).
Таткото на втората жена е богат бизнисмен, а невестата требало во мираз да донесе доста пари и луксузна двокатна куќа.
Полицијата го истражува случајот и најави дека ќе преземе соодветни мерки.



