Тврдеа дека СВИНСКАТА МАСТ не е за нас, но излезе дека е НЕВЕРОЈАТНО ЗДРАВА

Свинската маст нашиот народ традиционално ја користел со векови, а потоа ни рекоа дека не е здрава. Ќе ве изненади фактот дека таа всушност спаѓа во најздравите маснотии.Во изминатиот половина век свинската маст е „протерана“ од кујните, бидејќи е наводно штетна намирница која дебелее, ги зголемува маснотиите во крвта, ги затнува крвните садови, предизвикува срцеви и мозочни удари…
Меѓутоа се покажа дека најопасни за здравјето се таканаречените транс-масти со кои сме преплавени затоа што ги содржат индустриски преработените билни масла и маргарини.
Секако дека природните, ладните масла, како што е маслиновото и сончогледовото масло сепак остануваат на врвот на топ листата на најпознатите масти. Меѓутоа, на здравите масти со полно право им се придружува и свинската маст која меѓу нашиот народ традиционално се користи веќе со векови, а сега и многу нутриционисти и готвачи ја враќаат оваа намирница, која секако е неоправдано протерана од нашите трпези.
Масти во исхраната – како да разликувате добри од лоши?
Свинската маст е повторно еден баран деликатес во кој треба да се ужива на традиционален начин. На пример – кришка леб намачкана со свинска маст, малку посолена и со лукче или црвена пиперка. Или старски „чипс“ – чварки…
Во кулинарството свинската маст посебно се цени бидејќи е одлична за пржење, а месото нема да впие премногу маснотија и ќе биде исклучително вкусно. Многумина сметаат дека е совршена и за подготовка на тесто.
Свинската маст може долго да стои на темно и ладно место, а да не се расипе, па ви минатото служела како природен конзерванс – во неа се чувале месни производи. И денес извонреден специјалитет е – печено месо кое „одлежало“ некое време во свинска маст.

Бирајте природно
Пофалбите се однесуваат само за домашната маст, која се добива од свињи кои јадат природна храна и живеат на полуотворен простор. Индустриски производената свинска маст не се препорачува бидејќи често хидрогенизира и третирана е со разни додатоци како емулгатори, а свињите доаѓаат од фарми на кои масовно се „гојат“ јадејќи индустриска храна.
Кога станува збор за свинска маст, обично се истакнува дека таа содржи тешки заситени масни киселини, но помалку е познато дека во неа преовладуваат незаситени масни киселини кои се препорачуваат како најздрави масти.
Истражувањата покажале дека свинската маст има отприлика, 40 отсто заситени маснотии, а 60 отсто незаситени. Посебно е богата со олеинска киселина, која позитивно влијае на кардиоваскуларниот систем.

 

Тајната е во умереноста
Се повеќе нутриционисти истакнуваат дека не е проблем во свинската маст, туку во тоа што денешната исхрана е преполна со хидрогенизирани масти, рафиниран шеќер и адитиви.
Нормално, со свинската маст не треба да се претерува, како ни со било која друга намирница. Но, ако природно е произведена, секако може да ја збогати исхраната.
Свинската маст и од дманешните времиња е позната како природен лек за ублажување на кожните тешкотии, респираторни и ревматски болести….И денес се препорачуваат домашни балсами, облози и други препарати на база на свинска маст.  
 Во изминатиот половина век свинската маст е „протерана“ од кујните, бидејќи е наводно штетна намирница која дебелее, ги зголемува масно

Пронајдете не на следниве мрежи: