Една од попопуларните методи е апстиненција од секс пред сексуалниот чин со кој ќе се обидете да зачнете, бидејќи така се зголемува бројот на сперматозоиди и се подобрува ерекцијата, но новото истражување покажало нешто друго…Од јадење на одредена храна, до испробување на разно разни пози, постојат многу мудрости за тоа што паровите би требало да прават само за да ја зголемат можноста за добивање потомство…
Една од попопуларните методи е апстиненција од секс пред сексуалниот чин со кој ќе се обидете да зачнете, бидејќи така се зголемува бројот на сперматозоиди и се подобрува ерекцијата.
Сепак, новото истражување кое го спровеле лекарите од North Middlesеx во Лондон оваа теорија ја преврте наопаку. Имено, се покажало дека сексуални односи 2 пати едно по друго во рок од еден час може тројно да ги зголеми шансите кај мажот да стане родител. Токму тој, вториот пат е оној кој се смета за вистински.
ОД СЕКС ПОЗА ДО ИСХРАНА: Еве како да зачнете момче, а како девојче – Прочитајте на следниот ЛИНК
Во истражувањето учествувале 73 пара кои биле во процес на потпомогнато оплодување, третман во кој спермата директно се става во матката. Кога мажите кои се класифицирани како под просечно плодни дале 2 примерока сперма за 1 час, а вториот примерок е користен при вештачкото оплодување, резултирало со бременост во 20 отсто од случаите – што е повеќе од 3 пати од 6 отсто колку што инаку е шансата да се зачне со помош на оваа техника.
Петнаесет од жените зачнале веднаш, а уште десет од нив останале бремени вториот месец за време на овулацијата кога паровите ја испробале истата техника.
Експертите велат дека овие резултати покажуваат дека е мит дека мажите мораат да ја „чуваат“ својата сперма за да добијат бебе.
Здравствените институции, на мажите кои сакаат да ја зголемат плодноста им препорачуваат дека би требало да избегнуваат секс најмалку 2 дена пред вештачкото оплодување за примерокот од спермата да биде доволно добар.
Сепак, ова истражување иницира на тоа дека наместо апстиненција, повеќе секс ја зголемува репродуктивната моќ, бидејќи свежата сперма е поквалитетна и помоќна.
Исто така веруваат дека лошите резултати од анализата на спермата можат да не бидат точни, бидејќи се гледа стара сперма која е чувана во тестисите и веќе почнала да изумира.
Ова ќе бидат ТОП 10 имиња на бебиња во 2016 – Прочитајте ТУКА
– Ова е релативно мала студија, но веруваме дека е голем чекор. Исто така можеме да претпоставиме дека истото ќе се случи и кога парот ќе проба да зачне по природен пат – вели експерт за неплодност од North Middlesex болница, Gulam Bahadur, кој го водел истражувањето.
Ако се обидувате да станете родител, важно е да знаете дека возењето на велосипед значајно го намалува квалитетот на спермата поради цитокините кои пренесуваат порака меѓу станиците. При возењето велосипед телото произведува повеќе цитокини кои ја оштетуваат спермата. Од јадење на одредена храна, до испробување на разно разни пози, постојат многу мудрости за тоа што паровите би требало да прават само за да ја зго



