Абдул Халим ал-Атар е бегалец од Сирија, кој минатата година бил фотографиран како продава пенкала на улиците во Бејрут. Сега тој има три сопствени бизниси кои ги има покренато со помош на други луѓе и има вработено 16 сириски бегалци.Овој 33-годишен човек е татко на две деца и има покренато три бизниси од парите кои беа собрани на негово име преку онлајн кампања. Беа собрани неверојатни 191.000 долари, по што овој Сириец отворил пекара, а потоа и ќебапчилница, како и мал ресторан. Тој во моментов вработил 16 бегалци од Сирија.
Луѓето коишто донирале помош за него, посебно емотивно реагирале на фотографијата од минатата година кога продавајќи пенкала на улиците во Бејрут, Абдул Халим во прегратките ја држел заспаната ќерка.
Кампањата за собирање пари за овој Сириец ја покренал новинарот и веб дизајнерот од Норвешка Гисур Симонарсон. За три месеци биле собрани 191.000 долари.
За многу кратко време, Абдул Халим започнал успешен бизнис и многу добро заработува, а како што вели, на пријателите и роднините од Сирија им има пратено околу 25.000 долари.
Поради проблеми со банковните сметки во Либан, Абдул Халим не ги презел сите финансиски средтсва собрани на негово име, а ПејПал како надокнада за банкарските услуги му наплати 20.000 долари.
Сепак, Абдул Халим е задоволен, благодарен за помошта и среќен што може да заработи за своето семејство.Овој 33-годишен човек е татко на две деца и има покренато три бизниси од парите кои беа собрани на негово име преку онлајн кампања. Беа собрани нев



