Грчеви, замор, раздразливост: И мажите ги имаат „оние денови“!

Понекогаш и мажите можат да бидат нерасположени и со лоша воља во  одреден дел од месецот, па се наметува прашањето дали и  тие имаат свој машки ПМС?Четвртина од мажите веруваат дека страдаат  од машки ПМС чии симптоми  се грчеви, замор, раздразливост, вознемиреност. Скоро две третини од жените чии партнери наводно страдаат од тие симптоми не веруваат дека постои машки ПМС.
Пет испитани жени признале дека нивниот партнер лошо се носи  со симптомите во тој период и дека тие  многу  подобро го поднесуваат ПМС.
Во  истражувањето учествувале 2.412 личности кои биле во врска барем година дена. Анкетата покажала дека 26 одсто од мажите страдаат од месечни симптоми. Симптомите биле зардразливост (56 одсто), поголем замор од вообичаениот (51 одсто), поголема желба (47 одсто). Мажите исто така признале дека во тој период се почесто гладни (47 одсто), полесно се вознемируваат (43 одсто) и се чувствуваат надувано (15 одсто).
Освен тоа, 5 одсто од нив веруваат дека искусиле менструални грчеви . според анкетата, маж кој верува дека минува низ машки ПМС месечно троши  дополнителни 800 долари  на храна и грицки во споредба со оние кои не веруваат во таа појава.
Доктор Џед Дајмонд автор на книгата „The Irritable Male“, верува дека мажите минуваат низ машки  ПМС, а таа состојба е наречена „иритантен машки синдром“.
Уште во педесетите години данскиот научник Алан Ерслев собирал примероци од урина  на мажите и открил дека висината на хормоните растела и паѓала во  текот на 30- дневен ритам.Четвртина од мажите веруваат дека страдаат  од машки ПМС чии симптоми  се грчеви, замор, раздразливост, вознемиреност. Скоро две третини

Пронајдете не на следниве мрежи: