ВИСОК ПРИТИСОК? Изедете БАНАНА!

Високиот крвен притисок е многу честа здравствена состојба која треба да се смета за сериозна прикриена закана за здравјето. Уште се нарекува и тивок убиец, затоа што не предизвикува забележливи симптоми или предупредувачки знаци сè додека не се развијат компликации. Покачениот крвен притисок, кој се означува со терминот хипертензија, го зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања, мозочен удар, па дури и проблеми со бубрезите.Високиот крвен притисок е многу честа здравствена состојба која треба да се смета за сериозна прикриена закана за здравјето. Уште се нарекува и тивок убиец, затоа што не предизвикува забележливи симптоми или предупредувачки знаци сè додека не се развијат компликации. Покачениот крвен притисок, кој се означува со терминот хипертензија, го зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања, мозочен удар, па дури и проблеми со бубрезите.
Хипертензијата се карактеризира со систолен крвен притисок (високата вредност) над 140mmHg и дијастолен крвен притисок (ниската вредност) над 90mmHg. Според податоци на Светската здравствена организација, на глобално ниво една милијарда луѓе имаат висок крвен притисок и ситуацијата само се влошува. Се проценува дека до 2025 година 1,5 милијарди возрасни лица ќе живеат со хипертензија.
Еве неколку ефективни природни начини за регулирање на крвниот притисок:
Консумирајте банани. Бананите се богат извор на калиум, а докторите порачуваат дека калиумот е особено полезен за лицата кои страдаат од висок крвен притисок. Освен банани, се препорачува и консумирање на неизлупени печени компири, свеж сок од портокал и јогурт со низок процент на масти.
Умерено консумирајте темно чоколадо со минимум 70% какао. Вкусен метод за намалување на крвниот притисок е консумирањето на темно чоколадо. Научниците во неколку наврати докажале дека чоколадото кое содржи минимум 70% какао помага за намалување на крвниот притисок кај луѓето кои имаат хипертензија. Препорачаната дневна доза е 100 грама.
Заборавете на цигарите и не станувајте жртва на пасивното пушење. Зголемувањето на крвниот притисок е само една од лошите последици на пушењето. Вдишувањето на чадот го зголемува крвниот притисок со околу 10mmHg и го одржува покачен во текот на еден час по пушењето на цигарата. Ако сте страстен пушач и пушите постојано, тоа значи дека крвниот притисок ви останува покачен во текот на целиот ден. Пасивното пушење исто така треба да го гледате како закана за здравјето.
Релаксирајте се со класична музика. Хармоничните мелодии на класичната музика можат да дејствуваат како терапија за лицата со висок крвен притисок. Експертите препорачуваат секојдневна 30-минутна релаксација со слушање на класична или друг тип на релаксирачка музика и длабоко дишење за контролирање на хипертензијата.
Намалете го кофеинот, не пијте повеќе од две кафиња дневно. Сè уште не може да се каже со сигурност дали кофеинот долготрајно го зголемува крвниот притисок или има само краткотраен ефект. И покрај тоа, медицинските експерти препорачуваат намалување на внесувањето на кофеин преку кафе или други пијалаци. Не консумирајте повеќе од две кафиња дневно.
 Високиот крвен притисок е многу честа здравствена состојба која треба да се смета за сериозна прикриена закана за здравјето. Уште се нарекува и тив

Пронајдете не на следниве мрежи: