Ви се случило ли да сретнете одредена личност, но да не можете да се сетите на нејзиното име, или додека раскажувате за убав филм да го заборавите името на вашиот омилен актер кој беше во главната улога?
Повеќето луѓе се нашле во ваква или слична ситуација. Огромниот број на информации кои секојдневно ги примаме и динамичниот начин на живот кај секого предизвикуваат проблеми со помнењето. За да си ја подобрите меморијата, несомнено треба да го одржувате мозокот активен и во добра кондиција.
Терминот „невробик“ е воведен од страна на американците Лоренс Кац и Менинг Рубин и претставува подобрување на интелектуалниот капацитет на мозокот преку систем од вежби.
Како што редовните физички вежби помагаат во изградувањето на мускулите на телото, така мисловните вежби, односно вежбите на невробикот, помагаат во подобрувањето на меморијата и движечките функции на мозокот.
Невробик вежбите се разликуваат од другите типови вежби за мозок, како логички сложувалки, крстозбори, судоку, игри за меморија и сл., токму поради тоа што ги користат човечките сетила и тоа на нов начин, за да го поттикнуваат мозокот да создава нови асоцијации меѓу различните типови информации.
Следниве вежби се едноставни, но и нови за мозокот.
Туширање со затворени очи. Обидете се да се туширате со затворени очи. Кога не можете да гледате, другите ваши сетила ќе станат поактивни и туширањето ќе доведе до поголемо ангажирање на мозокот. Другата опција е навечер да ги исклучите светлата и да се обидете да се движите низ вашиот дом активирајќи ја вашата меморија и вашето сетило за допир.
Телевизор без звук. Пуштете го телевизорот, но исклучете го звукот. Обидете се да разберете за што се зборува според изразите на лицето и движењето на устата на оној што говори.
Запомнете нов телефонски број со помош на арома. Можете да ја активирате меморијата преку спојување на одредена арома со одредена задача. На пример, ако сакате да запомните нов телефонски број, секогаш кога ќе го вртите, помирисајте една иста ароматизирана свеќа.
Јадење со затнат нос/затворени очи. Направете си овошна салата и јадете ја додека со едната рака го држите носот затнат. Елиминирајќи го сетилото за мирис, вие повеќе ќе се концентрирате на вкусот, текстурата и тврдоста на овошните парчиња. Или пак затворете ги очите и обидете се да погодите каков плод јадете само според вкусот. Така многукратно ќе ја зголемите активноста на мозокот.
Нова средина. Посетете место каде никогаш не сте биле. Ако немате можност да го сторите тоа, одете во нова продавница кога треба да пазарувате. Новите визуелни дразби се добар тренинг за мозокот и ја забавуваат деменцијата поврзана со годините.
Постојат безброј невробик вежби. Разбудете ја вашата креативност и самите измислете нови. Покрај тоа што ќе ви помогнат во подобрувањето на работата на мозокот, овие вежби се и многу забавни.Повеќето луѓе се нашле во ваква или слична ситуација. Огромниот број на информации кои секојдневно ги примаме и динамичниот начин на живот кај секо



