Полицајците во саботата добиле пријава од соседите дека од една куќа во Сиднеј допираат преплаени повици, врисоци и дерење „умри, умри“. Кога влегле во куќата затекнале нешто сосема поинакво.Предградие на Сиднеј неодамна било место на инцидент во семејство, барем така мислела полицијата. Се укажувало на насилство. Соседите слушале звуци по станот, поместувањ е на мебел, женски врисоци и звуци „ќе те убијам, умри, умри“. Сцената која ја затекнале на лице место не била трагедија, туку комедија.
Полицијата: Каде ви е сопругата?
Типот: Немам сопруга.
Полицијата: Каде ви е девојката?
Типот: Немам ниту девојка.
Полицијата: Добивме пријава за насилство во семејството и женски врисоци.
Типот: Немам поим за што зборувате, живеам сам
Полицијата: Соседите те слушнале како викаш деќа ќе ја убиеш и мебел како се крши. Човеку признај што си сторил со неа!
Типот: За се е виновен пајакот.
Полицијата: Што?!
Типот: Се работи за пајак. Баш голем пајак.
Полицијата: Соседите слушнале женски вресоци.
Типот: Извинете, тоа бев јас. Навистина мразам пајаци.
Не е познато дали пајакот го преживаел ова убиство со предумисла, но наесреќниот Австралијанец немал никакви законски последици поради овој инцидент. Со таквиот срам доволно е казнет, а реално, кога ќе видите какви пајаци шетаат низ домовите во Австралија и вие би врескале како мали девојчиња. Бидете искрени.Предградие на Сиднеј неодамна било место на инцидент во семејство, барем така мислела полицијата. Се укажувало на насилство. Соседите слушале звуци



