Човекот во просек изговара 11 лаги во неделата, покажува најновото истражување. Тоа значи дека е голема веројатноста дека вас некој веќе ве излажал, а може вие сте посегнале за „белите лаги“ за да ја разубавите вистината. За среќа, или за жал за лажговците, постојат четири многу едноставни знаци кои издаваат дека некој лаже, и можете да ги откриете за помалку од 5 секунди. И, не, нема никаква врска со носот кој расте како кај Пинокио.За да можете секогаш да знаете дали некој ве лаже, потребно е само да обрнете внимание на овие четири знаци.
Главата
Доколку некој ви вели „не“ а со главта клима потврдно, можете да бидете сигурни дека лаже. Така следниот пат, кога колегата ќе ви каже дека не ви го „украл пенкалото“ а притоа клима со главата цело време, знајте дека вашето пенкало е во неговиот џеб. И обратно- доколку вели дека е кај него, а притоа одмафнува со главата, лаже.
Лицето
Микроизразите на лицето се најлесен начин да откриете дали некој ве лаже или не. Кога ќе разговарате со некого, добро погледнете го додека ви се обраќа. Во најголем број случаеви ќе видите дека преку лицето минува некој чуден израз (као кога мајка ви ви вели дека тој фустан баш супер ви стои, а всушност исгледате десет килограми подебело).
Рацете
Константните или многу зачестени непотребни движења на рацете се уште еден од сигурните знаци дека личноста лаже (освен доколку инаку не спаѓа во оние кои постојано мавтаат со рацете, тогаш едноставно е невротична). Обратете внимание на следното- чешање на лицето, допирање на носот, триење на рацете, истегнување на зглобовите…
Говорот
На лажговците генерално им е потребно повеќе време да одговорат на прашањето отколку на луѓето кои ја велат вистината. Исто така, често прават непотребни паузи среде речениците, бидејќи знаете, потребно им е време да смислат лага.За да можете секогаш да знаете дали некој ве лаже, потребно е само да обрнете внимание на овие четири знаци.
Главата
До



