Еве што ќе ви се случи ако СЕКОЈ ДЕН пиете по 4 КАФИЊА – А не е воопшто лошо!

Иако кафето не е добро за желудникот, а може и да предизвика несоница, научниците имаат нови докази дека на сите омилениот црн напиток, всушност е многу здрав и дека не чува од многу болести.Кај луѓето кои дневно пијат од 3 до 5 шолји кафе забележан е помал ризик од превремена смрт, од последица на срцеви болести, дијабетес и Паркинсонова болест, а оние кои пијат кафе се и помалку склони од депресивни и самоубиствени состојби.
Без оглед на тоа дали станува збор за кафе со кофеин или без него, овој напиток благотворно влијае на општата здравствена состојба, тврдат членови на харвардската школа за јавно здравје.
Со истраѓувањето се опфатени луѓе кои или воопшто не пијат кафе, или консумираат дневно помалку од 2 шолји, потоа оние личности кои испиваат умерени количини од тој напиток, но и оние кои дневно пијат и до 5 шолји кафе.
– Биоактивните состојки на кафето ја намалуваат отпорноста на инсулин, а спречуваат и воспалителни процеси во организмот – вели Минг Динг, главен автор на студијата.
Резултатите од истражувањето се темелат на податоци собрани од три големи анкети спроведени помеѓу 300.000 медицински сестри и здравствени работници, кој во текот на триесет годишен период редовно пополнувале прашалници за сопствената здравствена состојба и животни навики.
Додуша, со оглед на тоа дека студијата се темели на субјективни одговори на испитаницците за сопствените искуства, веродостојноста на резултатите можaт во некоја рака да бидат сомнителни. Токму поради тоа, експертите не ги советуваат баш сите „да се фрлат“ на консумација на енормни количини на кафе.
– Повеќе кафе смеат да пијат само здравите личности, кои се придржуваат кон здравиот начин на живот. Трудниците, доилките и младите би требало посебно да водат сметка за тоа колку кофеин внесуваат во својот организам и не би смееле да претеруваат – препорачува професорот Франк Ху, коавтор на студијата, кој предава нутриционизам и епидемиологија на Харвард.  Кај луѓето кои дневно пијат од 3 до 5 шолји кафе забележан е помал ризик од превремена смрт, од последица на срцеви болести, дијабетес и Паркинсоно

Пронајдете не на следниве мрежи: