Разговорот со возачот на Менхетен го инспирирал Алекс Малој, жител на тој дел од Њујорк, да проговори за она што го доживеал… Алекс го опишал најтажниот момент кој го доживеал како припадник на човеката раса, а откако влегол во такси после терористичкиот напад во Париз. Првиот збор кој го слушнал кога влегол во такси бил „фала“, а потоаследел еден од најпотресните моменти кои некогаш ги доживеал.Неговиот возач, муслиман, му објаснил на Алекс дека неговиот прв патник во последните два час луѓето во Њујорк се премногу исплашени за да влезат во неговото такси.
Запрепастениот патник напишал на Твитер:
Морав да му кажам на овој странец, кој е човечко суштество како и ние, дека тој не е дел од она што се случило во Париз. Цел пат до мојот стан плачеше, а се расплакав и јас. Постојано велеше: „Алах, мојот Бог не верува во ова. Луѓето мислат дека сум дел од ова, но не сум“.
Рече дека никој не сака да се вози со него бидејќи не се чувствува сигурно.
Тоа беше еден од најтрогателните моменти кои ги доживеав. Тој е толку мило момче, на мои години. Нема повеќе од 25 години.
Ве молам, дајте им ги своите симпатии на овие луѓе, тие се жртви на дискриминации. Ве молам, немојте дагенерализирате. Престанете да зборувате дека муслиманите се проблем, бидејќи тие не се тоа. Тие се наши браќа и сестри, сите сме луѓе.
Алекс оваа молба ја објавил на Твитер и Фејсбук, а неговата порака против исламофобија која е вирална, споделена е повеќе од 31.000 пати, а лајкувана 23.000 пати.
Коментарите на мојата порака беа толку трогателни и искрени. И не коментирале само муслимани, туку сите луѓе“, рекол Алекс.Неговиот возач, муслиман, му објаснил на Алекс дека неговиот прв патник во последните два час луѓето во Њујорк се премногу исплашени за да влезат в



