МЕСТОТО на болката открива каков ТИП НА ГЛАВОБОЛКА имате, ПРИЧИНА за нејзината појава и ТРАЈНО РЕШЕНИЕ

 Понекогаш не е тешко да се погоди зошто се појавила главоболката, на пример поради пијанство или ненаспаност. Но, понекогаш е тешко да се открие зошто боли и зошто токму на одредено место. Зависно од тоа каде и како се појавува, може да се работи за сериозен здравствен проблем .Експлозивна главоболка се појавува како „гром од ведро небо“ а максимален интензитет постигнува за неколку секунди. Тоа може да биде показател за низа здравствени проблеми, вклучувајќи и крварење поради пукнати крвни садови во мозокот што е опасно по живот.
Доколку главоболка се појавува рано наутро, тоа секако треба да се провери на лекар бидејќи може да покаже дека се работи за тумор на мозокот, апнеја, многу висок крвен притисок…
Исто така совет од доктор треба да се побара ако заедно со главоболката се појавуваат промени и во видот, варењето на храната или расположението, појавата на напнатост во вратот или раздразливост, или ако болката се појави после удар во главата, пишува Diply.
Главоболките се разликуваат и по местото и по болката, ова се најчестите:
1. Се јавува во една половина од главата
Се работи за мигрена која не е опасна главоболка, но е многу напорна за оние кои патат од неа бидејќи може да трае и до 72 часа. Ќе ја препознаете по пулсирачката болка со умерен до силен интензитет, а покрај тоа некогаш се појавува и мачнина како што е и пречувствителност на бучава и светлина. Важно е да земете апче против болка ведаш после појавата на симптомите и да мирувате во мрачна и тивка соба.
2. Како некој да ви ја стега главата
Се работи за тензиска главоболка која настанува постепено до среден интензитет на болка, а во главата имате чувство како некој да ви ја стега со затворач. Најчесто се појавува поради стрес и добро е малку да отспиете.
3. Болка на една страна од лицето, отечен капак на окото
Се работи за Cluster главоболка која е силна е трае во циклуси од две недели до месец дена. Се јавува во одредено доба од годината, а помеѓу 2 напада може да помине и година. Додека трае болката се јавува скоро секој ден и тоа во исто време на денот или ноќта и трае отприлика помеѓу2-3 часа. Оние кои патат од овој вид главоболка забележале дека подобро им е кога се движат, за разлика од оние со мигрена кои мораат да мируваат. Болката се јавува од едната страна на главата и обично на таа страна од лицето се зетнува ноздрата или пак од неа тече слуз, капакот на окото отекува, окото е црвено, лицето и челото се потат. Овој облик е 5 пати почест кај мажите…

 

4. Болка во челото
Во овој случај се работи за главоболка предизвикана од воспаление на синусите. Болката може да се почувствува и на јагодиците. Ќе ви помогне инхалација и туширање со топла вода (поради пареата која ја вдишувате).
5. Болка на задниот дел од главата (кај вратот) и на темето
Овој вид на главоболка се јавува поради проблеми во 'рбетот и вратот, на пример може да се појави при долго седење. Протегнете се малку и вдишете свеж воздух…
6. Болка кај слепоочниците
Се појавува ако некој има нарушување на зглобот на вилицата се води како тензиска главоболка. Освен болка во слепоочниците, се јавува и болка во ушите, лицето, потешкотии при отворање и затворање на устата, а се слуша и „клик“ кога вилицата ќе се помести. Добро е да се посети лекар.
Водете дневник за главоболка
Експертите кажуваат дека добро е да се води дневник за главоболка, на пример колку често се појавува, во кое време, каде боли, колку трае, кои активности, храна или пијалак претходел на главоболката итн. На основа на тие забелешки подоцна, на лекарот ќе му биде полесно да дијагностицира за што се работи.
Главоболка се јавува и при дехидрација па затоа внимавајте во текот на денот да пиете доволно вода.  Експлозивна главоболка се појавува како „гром од ведро небо“ а максимален интензитет постигнува за неколку секунди. Тоа може да биде по

Пронајдете не на следниве мрежи: