Белгиските власти потврдиле дека во нападите во Париз биле убиени двајца нивни државјани. Еден од нив е и Милко Јозиќ (47), кој по потекло е од Хрватска. Двајца Белгијци од Лиеж, Елиф Доган и Милко Јозиќ, ги загубиле животите во терористичките напади во Париз. Милко и Елиф биле во врска и требао да се најдат во близина на Батаклан каде што живеел Милко.
Поранешната сопруга на Милко, Ингрид, и неговата ќерка Лаурин од вчера се обидувале да го добијат на телефон но бесуспешно. Лорин многу се загрижила кога не можела да ја добие ниту Елиф , па заедно со чичкото апелирала до луѓето на социјалните мрежи да ѝ помогнат да го пронајде татко ѝ.
Пријателите и роднините трагале по Милко заедно со Елиф.
Јозиќ, кој по професија е инженер, требало да отпатува денес во Кина, но не се појавил на аеродром.
Како што јавуваат медиумите, Милко последен пат пратил смс половина час пред пукањето.
Исто така, полицијата во Брисел уапсила повеќе лица под сомнение дека биле во врска со терористичките напади во Париз, потрврдило официјално лице за министерството за правда.Двајца Белгијци од Лиеж, Елиф Доган и Милко Јозиќ, ги загубиле животите во терористичките напади во Париз. Милко и Елиф биле во врска и



