Светот и понатаму се соочува со трагедијата која се случи во петокот во Париз, а една жена која го преживеала нападот истакнала дека „никогаш не мислите дека тоа ќе ви се случи вам“…Приказните на преживеаните служат како ладно трезнење како потсетување на стравичното насилство кое е пропратено со тероризам. Исобел Бовдери, која била на концертот во салата Батаклан каде беа увиени 89 лица, сподели многу многу моќна порака на Фејсбук за ужасното искуство таму. Текстот има повеќе од милион и двеста илјади лајкови, како и повеќе од 400,000 споделувања.
Таа во постот опишува каво е искуството да лежиш вкочанет додека напаѓачите шетаат наоколу со оружје во рака, како и за трагичниот момент кога помислила дека момчето кое го сака е мртво
Таа исто така говори за љубов, благодарност и солидарност. Ѝ се заблагодарува на полицијата која ја извлекла надвор и луѓето кои ѝ помогнале, но ги споменува и оние кои загинале на концертот.
„Тоа не беше само терористички напад, тоа беше масакар. Десетина луѓе беа убиени пред мене. Локви крв ја исполнуваа салата и плач на мажите кои во раце ги држеа телата на своите мртви девојки. Иднината која е растурена, семејства кои се скршени. Во шок и сама, се преправав дека сум мртва повеќе од еден час… задржувајќи го здивот, обидувајќи се да не мрднам, да не плачам- не давајќи им на оние мажи да го видат стравот кој толку очајно го сакаат. Бев неверојатно среќна што преживеав. Но многумина за жал не преживеаа“, напишала таа.
„Минатата ноќ животот на многумина заекогаш се промени и на нас останува да се потрудиме бидеме подобри луѓе. Да го живееме животот за кој невините жртви од оваа трагедија сонувале, но за жал никогаш нема да можат да го исполнат. Почивајте во мир ангели. Никогаш нема да бидете заборавени.“Приказните на преживеаните служат како ладно трезнење како потсетување на стравичното насилство кое е пропратено со тероризам. Исо
Пронајдете не на следниве мрежи:



