Некои го нарекуваат „пивски стомак“, а нутриционистите и останатите експерти го нарекуваат „централна здебеленост“. Зад овие називи се кријат наслаги од сало во пределот на абдоменот кои го дуваат стомакот на инаку витките личности.Научниците, чие истражување е објавено во американското списание „Анали на интерната медицина“, сметаат дека ваквата корпулентност е поопасна за животот од дебелината која е распоредена по целото тело, па дури и од вишокот килограми.
Истражувањето предводено од група кардиолози од Минесота, опфатило над 15.000 маж и жени на возраст помеѓу 18 до 90 години.
Научниците користеле антропометриски параметри за да ја утврдат здравствената состојба на испитаниците. Тие откриле дека смртната стапка е пониска кај лицата со вишок килограми од индексот на телесната маса како гледна точка, отколку кај витките луѓе со изразен стомак.
Тие предупредуваат дека кај личностите со централна здебеленост, ризикот од смрт е двапати поголем отколку кај подебелите лица.
Научниците објаснуваат дека тоа е така поради лошиот распоред на салото – големиот стомак е знак за намалена мускулна маса и укажува на нарушување во работата на метаболизмот, а со тоа се подразбира и пократок животен век.Научниците, чие истражување е објавено во американското списание „Анали на интерната медицина“, сметаат дека ваквата корпулентност е по


