Да му помогнеме на чичко Љубе да најде работа и покрив над глава!

Чичко Љубе кој има 60 години, веќе 3 години е бездомник, оставен на милост и немилост.Тој често се наоѓа пред хотел Бристол како седи со 3 кучиња околу него со кои секојдневно го споделува својот оброк – кој патем може да си го дозволи од милостината на минувачите.
Навечер спие на клупите на улица Македонија, а преку ден се труди да дојде до парче леб – начин на живот на кој вели дека се навикнал иако најтешко му е во зима кога ќе паднат температурите па мора да бара затскриени места за да не премрзне надвор.
Работел како дрвосечач долги години, но сега тешко може да најде работа поради годините кои ги има.
Доколку некој има потреба од работник за било каква полесна физичка работа со која ќе може да си овозможи храна и смештај – нека му помогне.
Да не го оставиме да помине уште една зима надвор на улиците на Скопје.
 

Пријатели, откако пробавме и сфативме дека не е така тешко – ајде да направиме уште едно добро дело. Чичко Љубе кој има…
Posted by Milka Dokuzova on Wednesday, November 11, 2015

Тој често се наоѓа пред хотел Бристол како седи со 3 кучиња околу него со кои секојдневно го споделува својот оброк – кој патем може да си го дозво

Пронајдете не на следниве мрежи: