Саша е средена и убава 23-годишна девојка. Израснала во Нови Сад и дипломирала графички дизајн со просек 9,5 како еден од најдобрите три студенти во генерацијата. Конкурирала на безброј огласи за работа, но безуспешно. Иако е тешко да се најде работа, постои уште една пречка – Саша е родена како маж.„Јасно се сеќавам. Имав околу четири години кога со мајка ми шетав по улица и здогледав излог со женски накит. Се воодушевив и ѝ побарав да ми купи нешто. Нејзината отсечна негативна реакција веќе ми покажа дека постои некаков проблем бидејќи јас сум девојче, а тоа никој околу мене не го гледа ниту го признава, па дури ниту моето тело“, открива Саша.
Нејзината мајка ја прифатила трансформацијата, но татко ѝ не.
„Не можеше да се носи со тоа што сум поинаква, физички беше насилен кон мене, но тоа што го преживеав ме мотивираше да бидам подобар студент“, вели девојката која главно работи на проекти преку интернет.
Како што вели самата, на интервјуата за работа не ја одбиваат поради дипломата, туку поради она што стои во личната карта.
„Се случуваше да бидат многу директни и доста пати ми имаат кажано досега дека не сакаат да ме вработат бидејќи нивната репутација би станала сомнителна ако вработат транс лице. Се случуваше и да ми се смеат и да ме навредуваат. Некогаш велат дека не се заинтересирани, што би било сосема во ред. Но, го менуваат ставот откако ќе видат дека девојката пред нив вади личен документ во кој се гледа машко име“, вели Саша.
И покрај потешкотиите, таа одлучила јавно да прозбори дека е транс личност уште од студентските денови и дека сега се наоѓа во медицински процес на транзиција.„Јасно се сеќавам. Имав околу четири години кога со мајка ми шетав по улица и здогледав излог со женски накит. Се воодушевив и ѝ побарав да м



