Мајките ни зборуваат дека ако излеземе надвор со мокра коса, бидејќи во истиот момент ќе настинеме, но излезе дека тоа не е баш точно. После овие 4 работи бевме свесни дека следи грип, но не сме биле во право.Ако излеземе со мокра коса надвор
Таквото однесување ќе ви донесе главоболка, но не и настинка. Вирусот се пренесува преку респираторните органи (доколку некој кива или кашла пред вас), тогаш станувате мета, но тоа нема врска со мократа коса, што потврди и докторка на болницата во Пенсилванија Хедер Розен.
Доколку не се облечете прикладно на ладно време
Не морате да му се плашите на ладното време, и на ладно и на топло време имате исти шанси да се настинете. Ладниот воздух нема врска со тоа, бидејќи е потребна друга личност да ви пренесе настинка. Доколку долго разговарате со настината личност, не можат да ве заштитат ниту 70 јакни.
Доколку не земате доволно витамин Ц
Мислите дека витаминот Ц ги запира сите настинки? Па, не е баш точно. Истражувањата откриле дека овој витамин не е силен отпор за настинка, но е добар за грипот помалку да трае.
Да се биде во околина со настинати
Нормално, ќе се настинете ако некој ви дише во врат. Сепак, по истражувањата на американскиот здравствен институт, човек може да пренесе вирус дури и кога се уште не знае дека е настинат. Потребни се 5-7 дена да забележите настинка, а можен е и телесен трансфер, но одредена далечина е сосема доволна за да не се разболите. Ако излеземе со мокра коса надвор
Таквото однесување ќе ви донесе главоболка, но не



