Скандал на час: Колку сириски бегалци треба да се фрлат во морето за да…

Наставник по физика во една полска гимназија, може да добие отказ откако на учениците им дал задача да пресметаат колку сириски бегалци мора да се фрлат од сплав во морето за да може тој безбедно да дојде до брегот на Грција.„Четворица бегалци од Сирија се обидуваат да дојдат до Грција на сплав со димензии 1 х 2м х 20 цм. Пресметај колку бегалци треба да се турнат од сплавот во морето, за да може тој безбедно да исплови до целта ако секој од нив има по 60 килограми“, гласела задачата на часот по физика која ги шокирала учениците, но и нивните родители коишто веднаш го пријавиле на директорот на гимназијата.
Директорот зборувал со него и го известил дека при нареден таков сличен испад ќе добие отказ.
Наставникот се правдал дека само сакал да им го привлече вниманието на учениците.
„Пред тоа имаа задачи во кои го градеа сплавот, па овој некако логично произлезе од тие. Тоа нема никаква врска со мојот расистички пристап. Немам ништо против бегалците. Радо би сакал да видам луѓе со различно потекло во Полска, доколку тие би сакале да живеат тука“, изјавил наставникот.„Четворица бегалци од Сирија се обидуваат да дојдат до Грција на сплав со димензии 1 х 2м х 20 цм. Пресметај колку бегалци треба да се турнат

Пронајдете не на следниве мрежи: