Фото: НАЈТАЖНОТО СЕЛФИ кое некогаш е направено: Жена заробена во своето тело

Џеки Бејкер била смртно болна. Нејзиното тело станало нејзина робија. Ќерките Тара О’Рајли и Роуз Бејкер собирале пари не за да ја спасат мајка им, туку за да и помогнат да се извлече од својот „кафез“. Единствен начин било да се самоубие.Бабата Бејкер долго време била исплашена. Знаела дека нејзината мајка починала од болест на невроните кога имала 62 години и тоа во страшни болки. Кога и на неа на 59 години и била утврдена иста болест не сакала и таа да искуси толку тежок крај.
Тара и Роуз собрале преку 8000 евра за да и помогнат на мајка си на која и е дијагностицирана болест на невроните.
Сестрите од Велс со мајка им отишле во Швајцарија за да бидат покрај неа во клиника кога ќе и се заврши животот.
Сега можат да сносат правни последици бидејќи на жената и помогнале да изврши самоубиство.
О’Рајли не одрекува дека и помогнала на мајка си во тоа што го наумила.
„Знаеме дека полицијата најверојатно ќе не испрашува, но повторно би го направиле истото. Тоа беше нејзин избор. Знам дека звучи лудо, но среќна сум поради неа“, вели Тара…
Откако е направена фотографијата, Џеки го завршила својот живот притискајќи го копчето со нога, додека ја слушала омилената песна од Боб Марли. Машината и ја спровела безболната течност која ја убила.  

 

„Гледавме како од ден во ден и е се полошо, на крајот не можеше да ја крене лажицата за да јаде. Беше сурово да се гледа таква, против нејзината волја“, ја објаснија својата постапка ќерките.
Тие планираат на некое време да се тргнат од Велика Британија додека не слегне прашината, за да го избегнат полициското испрашување поради начинот на кој и помогнале на мајка си да си го одземе животот.
Документарецот за нејзиниот случај може да го погледнете на следниот ЛИНКБабата Бејкер долго време била исплашена. Знаела дека нејзината мајка починала од болест на невроните кога имала 62 години и тоа во страшни болки.

Пронајдете не на следниве мрежи: