ВНИМАВАЈТЕ: Задржувањето на мокрачата може да има трајни последици!

Не секогаш е возможно да го испрaзните мочниот меур кога ќе почувствувате потреба за тоа. Постојат ситуации кога тоа е речиси невозможно, на пример кога сте на некој важен состанок, на испит, заглавени во сообраќај итн. Секако, сите ние имаме конрола над мочниот меур, но доколку истата ја злоупотрбите и намерно го оддолжувате уринирањето, тоа може да има трајни последици.Мочниот меур е мускулен орган кој е сместен во карлицата, и е поддржан од страна на околните карлични мускули. Нервниот систем е одговорен за испраќање на сигнали кои ве прават свесни за потребата да го испразните мочниот меур.Силната потреба да уринирате обично ја чувствувате кога мочниот меур е 75% проценти полн. Но, вие се уште можете да го контролирате неговото празнење. Поточно, надворешниот сфинктер го затвора мочниот канал и за разлика од внатрешниот сфинктер, тој е контролиран од вашата волја.
Контрола и губење на контролата над мочниот меур
Задржувањето на урината предолго може да доведе до прекумерно проширување на мочниот меур и губење на контролата над него. Покрај тоа, сфинктерот може да не работи правилно ако урината често ја задржувате. Со текот на времето може да се случи сфинктерот да не може да се опушти. Поради тоа доаѓа до продолжено задржување на урината во меурот и акумулација на бактерии.
Задржувањето на урината може да доведе до голем број на проблеми, вклучувајќи инфекција на уринарниот тракт и бубрезите. Поточно, бактериите кои се развиваат во урината што останува премногу долго во мочниот меур, можат да предизвикаат разни инфекции и симптоми како што се: болно испуштање на урина, постојана потреба да го испразните мочниот меур, треска, морници и болка во стомакот.
Превенција и решение
За одржување на доброто здравје, мочниот меур треба да го празните почесто. Така ќе ја спречите акумулацијата на урината. Покрај тоа, пред да одите на места каде што ќе биде тешко да дојдете до тоалет, најдобро е да не пиете премногу течности.
Бидете внимателни…
Ако вашата потреба да го испразните мочниот меур е честа или нееднаква, важно е да се посети лекар за да се елиминира сомнежот од можните болести на бубрезите или мочниот меур. Потребата за често мокрење може да укаже на инфекција, слабост на мочниот меур или на сфинктерот. Вашиот лекар може да ви препише лекови или специфични вежби со кои ќе го решите проблемот.Мочниот меур е мускулен орган кој е сместен во карлицата, и е поддржан од страна на околните карлични мускули. Нервниот систем е одговорен за испра

Пронајдете не на следниве мрежи: