Цревна вироза, или тн. стомачен грип, го зафати Балканот. Бројот на заболени е сѐ поголем, а мачнините, повраќањето, проливот, високата температура, главоболката и грчевите во стомакот „зафаќаат“ цели семејства.Затоа ви донесуваме пар клучни совети на што би требале да обрнете внимание, како да се сочувате, но и кога треба да отидете на лекар.
Како да се заштитите?
Стомачните вируси најчесто се манифестираат како воспаление на желудник или тенкото и дебелото црево. До тоа доаѓа поради зголеменото таложење на слуз и останат отпад во телото. Се пренесува преку заразена храна и пијалаци, а најмногу поради валкани раце.
Токму затоа, во сезоната на стомачни проблеми е битно миењето раце како најдобра превентива, посебно ако сте биле во контакт со болно лице. Исто така, се препорачува да го јакнете имунитетот со исхрана и избор на здрави намирници.
Што да пиете?
Кога станува збор за стомачните вируси, најважно е да се внимава телото да не дехидрира, а тоа може да се случи многу лесно, бидејќи желудникот не поднесува храна и течности. Така, сѐ што влегува во телото, буквално само поминува низ него и излегува надвор.
За да не дојде до дехидрација, важно е да се внесува што е можно повеќе течности, но не било кои. Ладната вода, соковите и останатите слатки напивки не доааѓат в предвид.
Идеален избор претставуваат супите, кои освен течностите, на телото ќе му ги надокнадат и изгубените електролити.
Исто така, се препорачува пиење на благи чаеви, како што се чај од камилица или свеж ѓумбир кои ќе ги олеснат симптомите на мачнината, а лекарите секогаш препорачуваат да се пие руски или некој друг црн чај. Меѓутоа, овие чаеви треба да се пијат чисти, односно без додатоци како што се мед, шеќер, лимон или млеко.
Што да јадете?
Што се однесува на храната, најдобар избор е оризот попарен во вода, со додаток на малку сол или коцки за супа. Идеално би било оризот да се свари во поголемо количество течност, така што би можел и паралелно да се пие.
Исто така, при смирувањето на стомачните тегоби можат да помогнат двопекот, печениот тост, грисините и сувиот леб. Од останатата храна, дури со првата тврда столица може да се земе малку банана или јогурт.
Сѐ додека симптомите целосно не се повлечат, од останатата храна би требало да се избегнува апсолутно сѐ, посебно месните преработки и млечните производи.
Дали треба да се пијат лекови за намалување на температурата?
Ако се јави зголемена температура, немојте веднаш да ја снижувате со лекови. Дајте му на имунитетот шанса сам да се избори со треската.
Притоа, некои од лековите за намалување на температурата можат дополнително да го надразнат желудникот и останатите органи за варење, па најпаметно е да се избегнуваат макар на почетокот од болеста.
Кога е време за грижа?
Кога станува збор за стомачните проблеми, тие обично поминуваат за ден-два. Секако, се советува да одлежите дома сѐ додека состојбата не се врати во нормала.
Меѓутоа, доколку температурата никако не опаѓа, ве боли стомак, а дијарејата или повраќањето траат подолго од неколку дена и ако во столицата забележите крв – веднаш одете на лекар!Затоа ви донесуваме пар клучни совети на што би требале да обрнете внимание, како да се сочувате, но и кога треба да отидете на лекар.



