Кога ја лажете сопругата, постои можност дека ќе ја отворите кутијата на Пандора и којзнае што сѐ може да се случи.Да го земеме овој човек како пример. Една ситна лага доведе до тоа да ја изгуби возачката дозвола на шест месеци. Ова е неговата приказна:
„Приказната започна пред месец дена, но заврши денес. Сопругата ме замоли да ги соберам децата од училиште. Дојдов и се паркирав, чекајќи ги да излезат надвор. Следното на коешто се сеќавам е како мојата сопруга тропа по прозорците од автомобилот во солзи, а помина еден час.
Сакав само да ги одморам очите на една минута, но заспав и имав 8 пропуштени повици. Таа плачеше, мислејќи дека имав некаква несреќа и излезе од работа за да дојде дома.
Соочен со нејзиното луто врескање, блесаво ѝ реков дека се онесвестив. Таа ме натера да одам во болница кадешто ме прегледаа и ме хоспитализираа бидејќи имав `мозочен удар`. На сите начини се обидував да излезам и да ја напуштам болницата, но сите мисли ми исчезнаа откако добив известување дека морам да ја предадам возачката дозвола и дека 6 месеци ми е забрането да управувам со автомобилот поради мојот `шлог`.
Мојата агонија со траење од месец дена, заврши откако седнав со докторите и со сопругата и им признав дека глупаво излажав и дека работите излегоа од контрола. Денес ми е роденден и чувствувам олеснување, но и понижување.“
Една ситна лага може да предизвика хаос, а најчесто во случај ако ја излажете сопругата!Да го земеме овој човек како пример. Една ситна лага доведе до тоа да ја изгуби возачката дозвола на шест месеци. Ова е неговата приказна:



