Бидејќи повеќе не можела да гледа како нејзината внука (21) и зетот се мачат со зачнувањето дете, баба Стана (61) одлучила да им помогне, така што направила афродизијак кој влијае врз зголемувањето на плодноста кај мажите. Освен тоа, Стана успеала да направи и нешто друго – да забремени!Баба Стана од Врање, направила афродизијак од костени и разни тревки кој ѝ го дала на внуката за да го консумира нејзиниот сопруг, но бабата скришум го давала и на нејзиниот сопруг Свето, а и самата го пробала неколку пати.
Како што изјавила, оваа смеса неа и нејзиниот сопруг, повеќе пати ги „зашеметувала“, па ноќе „губеле разум“. Набрзо добила чудни симптоми и решила да оди на преглед.
„Не жалам што му го давав афродизијакот на Свето, но и што и самата го пробав бидејќи после толку време ни беше навистина убаво – признала баба Стана.
Во исто време и нејзината внука останала бремена. Кога анализите покажале дека и бабата е во блажена состојба, лекарот ѝ предложил да ја прекине бременоста бидејќи е многу опасно за нејзини години да остане во блажена состојба. Стана го абортирала плодот.
Дедо Свето дознал дека Стана кришум му „работела зад грб“ но сѐ ѝ простил кога сфатил дека нејзината здравствена состојба била доведена во прашање.
Во Врање владее вистинска манија по афродизијакот на баба Стана, но таа не сака да го открие рецептот.



