Можеби не можете да замислите дека некој ве изневерува, залажува или повредува без ниту малку свест, шири лаги и измислици за да уништи нечиј углед или се прави дека е нешто што не е, а се со цел да им нанесе штета на другите (физичка, материјална, емотивна…). Сепак, за жал знаеме дека такви луѓе постојат.Следните 5 знаци покажуваат дека имате работа со луѓе со расипано срце, и ако препознаете некои од нив, би било најдобро да се тргнете од таквата личност, а нејзиното „поправање“ и психичко исцелување можеби сепак треба да го препуштите на стручните лица.
1. Луѓето со лошо срце се стручњаци во создавање забуна, препирка и расправија. Тие:
– ги извртуваат фактите
– лажат
– бегаат од одговорност
– ја негираат реалноста
– измислуваат приказни
– ги задржуваат информациите за себе
2. Луѓето со лошо срце се експерти во измама на други лица со своите „убави зборови“
Но ако погледнете во плодовите на нивниот живот или ако се водите по нивните зборови, ќе видите дека таквите личности никогаш не се менуваат и дека не растат и не се развиваат.
Нивниот живот е илузија и душевна храна им е патењето на другите луѓе.
3. Луѓето со лошо срце секогаш сакаат да ги контролираат другите луѓе, а тие сами на себе си се најголем авторитет.
Отфрлаат повратни информации и конструктивни критики, самите создаваат правила по кои живеат, не обрнуваат внимание на моралните норми.
4. Луѓето со лошо срце често играат на симпатиите на добродушните луѓе со цел да ги измамат
Тоа изгледа вака: бараат милост, а самите не ја пружаат.
Бараат топлина, проштевање и интимност од личноста на која и погрешиле без ниту малку емпатија кон болката која ја предизвикале и без вистински намери да се обидат да го поправат тоа што го направиле или да се обидат да ја вратат изгубената доверба.
5. Луѓето со расипано срце немаат свест и не знаат што е каење.
Дури и немаат намера да се обидат да се борат против својата злоба – всушност, уживаат во неа, а се под маска на одреден племенит карактер. Следните 5 знаци покажуваат дека имате работа со луѓе со расипано срце, и ако препознаете некои од нив, би било најдобро да се тргнете од таквата л



