УЖАСНО: Мислел дека никој нема да му поверува ЗА ОНА што тој го ТРПЕЛ во бракот!

Тој брак имал многу проблеми. Симон Смит работел во морнарицата и иако имал познавање од самоодбрана, едвај се одбранил од својата сопруга.
 Нивниот брак со текот на годините станувал се полош и полош, каде самдовербата на Симон станувала се помала и помала.
Кога конечно собрал сили да си ги спакува куферите и да ја напушти неговата сопруга, таа го нападнала со кујнски нож.
Симон и Кристал живееле во Велика Британија со нивната четиригодишна ќерка. Во периодот од шест години, во нивниот брак владеело семејно насилство каде жртва бил токму Симон.
Кристал била лабилна жена, која ги контролирала финансиите на Симон и го злоупотребувала каде постојано се заканувала дека ќе ја одведе нивната ќерка далеку од него. Постојани ги губела нервите дури и кога се работело за обична ситница. Доколку ручекот не и се допаднал или пак изгубила на некоја друштвена игра знаела бурно да изреагира.
На 12.02 оваа година биле на забава кај пријател на Симон. Пред пријателите и колегите, Кристал го обвинила нејзиниот сопруг за неверство, иако немала докази за тоа. Но нејзината цел била јавно да го понижи нејзиниот сопруг.
Кога се вратиле во нивниот дом, Кристал започнала расправија каде почнала да фрла работи по него. Симон на мирен начин го напуштил нивниот дом, но се вратил по клучевите од колата и по некои негови работи. Но, тука направил грешка.
Кристал ги изгубила нервите. Додека Симон ги пакувал неговите работи во спалната соба, таа полека со нож во рака застанала позади него. Додека и бил свртен со грбот, таа успеала три пат да го прободе со ножот. Собата била цела во крв.
Додека се обидувал да дојде до телефон за да побара помош, Кристал избегала. Брзата помош веднаш пристигнала. Иако изгубил доста крв, Симон успеал да преживее. Имал неколку операции, но и покрај нив се уште има последици. Неговата лева рака никогаш повеќе нема да биде функционална како што некогаш била.
Истата ноќ, Кристал била уапсена за обид за убиство. Како што поминувале деновите до судењето, Симон бил се повеќе загрижен – кој би му поверувал дека тој е жртва на семејно насилство?
Во судот изјавил дека со неговата сопруга биле во брак шест години и дека тоа било единствена негова сериозна врска. Со години го трпел насилството мислејќи дека еден ден неговата сопруга ќе научи да ги контролира нејзините напади.
Сега ја преземал работата на копно за да може полесно да се грижи и да ја одгледува неговата ќерка, но се уште се бори со ноќните мори.
Кристал е осудена на девет години затвор.
Неговиот случај ставил акцент на семејното насилство над мажите.Нивниот брак со текот на годините станувал се полош и полош, каде самдовербата на Симон станувала се помала и помала.
Кога конечно собрал с

Пронајдете не на следниве мрежи: