Ако на вашето лице воочивте нови бори и трагови од умор, ви предлагаме да ја направите оваа одлична маска, по предлог на порталот од uspesnazena.com. Освен што е економична и едноставна, оваа маска е потполно природна , а ја затегнува кожата исто колку што го прави тоа контроверзниот ботокс. Ова е одличен третман ако сакате да се спремите за некое изненадно излегување, состанок или прослава, зашто ефектите од маската се моментално видливи веднаш после првата употреба.
Рецепт за најдобрата домашна маска за затегнување на лицето:
Состојки:
1 лажичка густин
5 лажички исчеден сок од морков (ако немате соковник, направете го тоа со блендер, па потоа со гмечење исцедете го низ цедилка)
1 лажичка кисела павлака
Како да се подготви маската:
Во половина часа ладна вода растворете го густинот. Се прелива растворениот густин во тенџере, каде во него додавате 100мл. врела вода. Ставете го да се готви на тивок оган се додека не се згусни. Потоа кога смесата малку ќе се олади, додадете свежо исцеден сок од морков и киселата павлака. Добро промешајте и потоа ставете ја на чисто лице 25-30 минути (тоа е најдобро ако претходно можете да направите еден пилинг на лицето пред да ја ставите маската). Маската исчистете ја со топла вода и нанесете крема за лице. Преостаната маска оставете ја во фрижидер. За подобар ефект, ставајте ја маската на секои 3 дена. Оваа маска многу добро ја хидратизира кожата, ги отстранува трагите на умор и брчки, кожата станува позатегната, еластична и мазна.
Зошто ова делува?
Густинот или скробот е најчестата состојка за маска на лицето, поради својата одлична апсорпција, односно одржување на влажно лице. Богати со бета каротин, морковот е природен извор на витаминот А, кој има голем број предности за нашата кожа:
– Богат е со антиоксиданси кои го забавуваат процесот на стареење на кожата – природен анти -фактор за стареење
– Помага во одржување на влажноста на кожата, ја забрзува регенерацијата на клетките на кожата
– Ефективно ги лечи акните – го зајакнува имунолошкиот систем и ги спречува инфекции.
Павлаката, како и сите ферментирани млечни производи, содржи млечна киселина, која е суштинско значење за убавината и здравјето на кожата. Тоа е затоа што и` помага на кожата да ја задржи влажноста, природно прави пилинг и го стимулира производството на колаген, што ја формира сврзното ткиво кој притоа ја поддржува кожата. Млечната киселина се користи во многуте козметички препарати.
Рецепт за најдобрата домашна маска за затегнување на лицето:
Состојки:



