Американката Викторија Каролин Халтом која потекнува од Сан Антонио, изработила 30 фотографии од една жена која побарала од неа да ја фотографира, а подоцна и да ги обработи фотографиите во Фотошоп се со цел да ги тргне сите нејзини недостатоци.Албумот со фотографии таа му го поклонила на сопругот, кој очигледно не бил задоволен од сработеното па решил да и пише порака на Викторија.
Впрочем, жената ја замолила Викторија да и направи неколку фотографии кои подоцна ќе ги обработи во Фотошоп се со цел да ги “зачини” работите во спалната соба. Таа побарала од фотографката да ги отстрани во Фотошоп сите нејзини недостатоци – целулитот, салото, борите и стриите. Викторија и ја исполнила желбата и задоволната клиентка му го поклонила албумот на сопругот. Но, откако Викторија ја прочитала пораката, таа решила да ја сподели со светот.
Ви го пренесуваме нејзиниот пост во целост:
Сакам да ви раскажам за една работа која впрочем не ја сработев добро. Тогаш се пробивав во светот на фотографијата, а меѓу првите клиенти ми беше 40 годишна жена која ме ангажираше се со цел да направам неколку фотографии од неа. Беше раскошна и прекрасна жена. Изгледаше како божица, но и како сите жени така и таа имаше барање.
Ме погледна во очи и ми рече “На фотографиите сакам да го немам целулитот, сакам да исчезнат и стриите, цело мое сало и сите мои бори. Нека исчезнат. Сакам да се чувствувам убаво барем еднаш во животот”.
Го сторив бараното. Повеќе од еден час ја фотографирав во најразлични пози. Заминав дома и фотографиите ги обработив во Фотошоп. Го направив она кое беше побарано од мене.
Таа беше задоволна од резултатот па реши за Божиќ да му поклони 30 фотографии на нејзиниот сопруг. Но, утредента јас добив многу интересен емаил…
“Здраво Викторија,
Јас сум сопругот. Ви пишувам бидејќи неодамна од жена ми добив албум со 30 фотографии на кои стои вашиот потпис. Не сакам да мислите дека сум лут на вас, но сакам сакам да го споделам моето размислување.
Мојата сопруга и јас сме заедно од 18 години и имаме две прекрасни деца. Имавме и добри и лоши периоди во животот. Знам дека мојата сопруга ги направи фотографиите за да ги “зачини” работите во спалната соба.
Понекогаш ми се жали дека не е доволно привлечна и дека нема да ме обвинува доколку најдам некоја помлада. Кога го отворив албумот, срцето ми се скрши. Тие фотографии, и покрај фактот дека се прекрасни, но и фактот дека вие сте исклучително добра во вашата работа, не ја отсликуваат мојата сопруга. На фотографиите ги нема нејзините недостатоци, а сигурен сум дека таа тоа го побарала од вас.
Кога ги избришавте нејзините стрии, ја избришавте и документацијата на моите деца. Кога и ги отстранивте брчките, ги избришавте двете децении заедничка смеа и заедничка грижа. Кога и го отстранивте целулитот, ја избришавте нејзината љубов и страст кон пекарството. Не ви пишувам за да се чувствувате лошо, туку за да ви се заблагодарам.
Кога ги видов фотографиите сфатив дека не и кажувам доволно често на мојата сопруга колку ја сакам и колку ја обожувам таква каква што е. Таа толку ретко ги слуша овие зборови што веројатно помислила дека фотошопираните слики се одраз на тоа како јас сакам да изгледа мојата жена. Морам да бидам подобар и до крајот на животот да ги славам сите нејзини несовршености. Би благодарам што ме потсетивте на овие работи.”Албумот со фотографии таа му го поклонила на сопругот, кој очигледно не бил задоволен од сработеното па решил да и пише порака на Виктори



