Бидете внимателни: 5 здрави намирници кои НЕ СМЕЕТЕ да им ги давате на децата!

Балансираната исхрана е клуч за доброто здравје. Но, понекогаш здравите намирници можат да предизвикаат многу проблеми за малите деца, бидејќи нивните организми не можат дигестираат одредени работи, а имунитетот им е преслаб за да се бори против наизглед безопасните работи.1. Мед
На децата до двегодишна возраст не смее да им се дава мед, бидејќи истиот може да го содржи токсинот клостридиум ботулиниум кој предизвикува труење со името ботулизам. Имунитетот на возрасно лице е способен да се избори против појавата на оваа ситуација, но не и детскиот, па затоа е подобро во потполност да се избегнува во раните години на вашите најмили.
2. Непастеризирано млеко
Кравјото млеко содржи млечни протеини кои децата до првата година од животот не можат да ги дигестираат, па не се препорачува воведување на оваа намирница во детската исхрана пред првиот роденден. Но, во помладата возраст треба да се избегнува и домашно млеко кое не го поминало процесот на пастеризација.
3. Некои видови риби
Рибата е одличен извор на омега 3 масни киселини и протеини, па се препорачува нејзина консумација од најрана возраст. Но, некои видови риба како што се туната, сабјарката и скушата, може да содржат значајни траги од жива кои можат да му наштетат на нервниот систем на детето.
4. Цитрусно овошје
Лимонот, лиметата, грејпот и портокалот се дел од здравите плодови од семејството на цитрусот, кои се карактеризираат со висок процент на витамин Ц. Но, овие плодови содржат и високо ниво на киселост која може да го надразни чувствителниот желудник на детето и да предизвика осип на кожата. Токму затоа се препорачува да го избегнете давањето на оваа храна на децата помали од една година.
6. Храна која „дуе“
Брокулата и гравот се дел од намирниците со висок процент на прехранбени влакна кои го подобруваат варењето, но предизвикуваат и гасови. И додека кај возрасните предизвикуваат чувство на непријатност, кај малите деца можат да предизвикаат силни болки во пределот на стомакот, па е подобро да се причека со воведувањето на ваквиот тип храна кај најмладите.1. Мед
На децата до двегодишна возраст не смее да им се дава мед, бидејќи истиот може да го содржи токсинот клостридиум бо

Пронајдете не на следниве мрежи: