Пет КЛУЧНИ ЧЕКОРИ со кои засекогаш ќе се збогувате од цигарите!

Ако се искрадувате од дома за да запалите цигара и покрај ветувањето дека ќе престанете да пушите, не сте единствени – повремените искушенија се само дел од процесот со кој се победуваат лошите навики, зборува експертот за промени во однесувањето д-р Карло Ди Клементе.Тоа не се однесува само на пушењето. Иста е постапката и кога сакате да држите диета или да почнете со вежбање. Почетничкиот неуспех е неизбежен. Но, наместо да ве гризе совеста поради тоа и да се чувствувате слабо, подобро преиспитајте го својот „план за напад“.
„Треба секогаш на ум да имате неколку нешта: Не откажувајте се ако се лизнете и паднете. Бидете истрајни и поправете си го планот. Ако се вратите на старо поправете го целиот процес, а откако ќе успеете, прославете го успехот“ – советува Ди Клементе.
Тој предложува пет клучни чекор за откажување од лошите навики: од размислувањето за промена, до физичкиот дел од акцијата.
1. Фаза пред разгледување
Во почетната фаза го препознавате проблемот, но сѐ уште не му приоѓате сериозно. На пример, мислите дека пушењето е лошо за вас и дека би требале да ги откажете цигарите, но и понатаму пушите.
2. Фаза на разгледување
Сега повеќе не мислите, туку сте свесни дека треба да се ослободите од лошата навика, но сѐ уште не преземате ништо конкретно.
3. Фаза за одлука
По долгото размислување конечно се одлучувате за промена, креирате план и како ќе го постигнете тоа, но и понатаму одолговлекувате.
4. Фаза на акција
Дојде и тој ден – нагло ја напуштате својата лоша навика и самоуверени сте дека ќе успеете во тоа. Меѓутоа, реалноста е поинаква.
5. Фаза на одржување
На крајот сепак паѓате во искушение, но и станувате побогати за ново искуство. Согледувате во што е проблемот и зошто не сте успеале. Токму затоа, тоа ќе ве натера да го преиспитате својот план и тргнувате од почеток. Вистината е дека единствено така може да успеете, пишува Дејли Мејл.Тоа не се однесува само на пушењето. Иста е постапката и кога сакате да држите диета или да почнете со вежбање. Почетничкиот неуспех е неизбежен. Н

Пронајдете не на следниве мрежи: