Еден маж си ги отсекол ушите во обид да изгледа како папагал, а сега е во потрага по хирург која наместо нос би му направил клун.Тед Ричардс (56), е опседнат со своите миленици (папагали) и во нивна чест ги истетовирал очите и лицето.
Овој ексцентричен љубител на животни има преку 110 тетоважи, 50 пирсеви и расечен јазик, а ушите му се отстранети по операција која траела шест часа. И тој е воодушевен од новиот изглед.
„Изгледам сјајно и тоа е најдобрата работа која ми се има случено. Среќен сум и не можам да престанам да се гледам во огледало. Сакам да изгледам како моите папагали што е можно повеќе“ – раскажал Ричардс кој признал дека со години носел долга коса за да ги покрие ушите.
„Во училиште секогаш ме задеваа поради големите уши, но тоа не е причината поради која ги отсеков“.
Тој призна дека нема да застане тука и дека му се допаѓа идејата да има клун, па е во потрага по хирург кој ќе му го овозможи тоа.
Ричардс живее во Хартклиф во Бристол, заедно со четири папагали, игуана и пит-бул. Дури има и девојка, 31-годишната Сузана. Меѓутоа, поради чудните склоности, тој повеќе не зборува со членовите од семејството и има само двајца пријатели.
„Сузана и јас ќе се преселиме во Брајтон. На неа ѝ се допаѓаат моите тетоважи, а и самата неколку пати отиде под нож. Исто така, таа има нешто што јас никогаш нема да го имам – деца. Мојата поранешна не сакаше да имаме деца, па направив вазектомија. Но, Сузана има деца од десет и шест години“ – изјавил Ричардс.
Тед Ричардс (56), е опседнат со своите миленици (папагали) и во нивна чест ги истетовирал очите и лицето.
Овој ексцентричен љубител на живо



