Кога еден младоженец во Америка се предомислил и во последен момент ја откажал својата венчавка, семејството на невестата одлучила да го извлече најдоброто од ситуацијата која им ги скршила срцата.Квин Дејн мислела дека ќе се омажи за Лендон Боруп, на гламурозна церемонија која чинела 35.000 долари. А потоа, младоженецот се предомислил неколку дена пред венчавката.
Семејството на невестата одлучило да не ја откажува салата и нарачаниот кетеринг. Наместо тоа великодушно ги повикале бездомниците да уживаат на екстравагантната прослава.
Мајката на невестата, Кари Дуен била иницијатор на овој хуманитерен гест.
Иако нејзината очајна ќерка одлучила да остане дома, Кари се погрижила да ги пречека гостите.
„Тешко ми е поради ќерката, но вака од целата работа ќе излезе нешто добро“, рекла мама Кари.
Меѓу „поканетите“ биле семејства со деца, баби, дедовци и мади луѓе.
Рашад Абдула кој дошол со својата сопруга Ерика и пет деца рекол дека храната била вистински благослов.
Храната, која иницијално била подготвена за 120 поканети стигнала од ресторан на хотел со 4 ѕвезди. Во целиот аранжман бил вклучен и меден месец, а ќе го искористат мајката и ќерката кои не пат тргаат во недела.
Квин Дејн мислела дека ќе се омажи за Лендон Боруп, на гламурозна церемонија која чинела 35.000 долари. А потоа, младоженецот се предомислил неколк



