Во јануари 2015 година, малечката Мадерин почина од агресивен облик на рак на мозокот. Нејзините родители до тој степен се потпираат на науката, што веруваат дека таа еден ден ќе оживее.Ако им се верува на нејзините родители и напредокот на науката и медицината, малечката Мадерин Наоваратпонг еден ден би можела да оживее. Девојчето од Тајланд починало годинава по кратката и многу агресивна болест.
Иако медицината и технологијата не ѝ помогнале, нејзините родители веруваат дека тоа ќе биде можно во блиска иднина.
Тие го кремирале телото на нивната ќерка, но нејзиниот мозок се чува во медицински антифриз и се наоѓа во лабораторија во Аризона, во САД.
Со оглед на фактот што во моментот на смртта имала готово три години, малечката Мадерин стана најмладата личност чиј дел од телото поминало низ процес на зачувување со криогенско замрзнување.
„Веруваме дека смртта во иднина ќе биде победена. Технологијата се развива пред нашите очи и тоа со неверојатна брзина. Тој напредок ќе ни овозможи еден ден да ги решаваме најголемите проблеми во светот“ – изјавил Сахатрон (41), таткото на девојчето.
Тој и неговата сопруга Нарихат се инженери по електротехника и веруваат дека смртноста е проблем кој науката ќе го „реши“, порано или подоцна.
Со оглед на тоа што технологијата со криогенско замрзнување не е достапна во Азија, Сахатрон и Нарихат морале сами да смислат и дизајнираат капсула во која телото на нивната ќерка било пренесено во САД, во лабораторијата на фондацијата Alcor Life Extension. Процесот за зачувување на мозокот со замрзнување ги чинел 80.000 американски долари.
Малечката Мадерин е 134. пациент на фондацијата.
Што е криогенско замрзнување?
Алкор во својата мисија велат дека станува збор за „напор да се спаси нечиј живот“. Тие сметаат дека човекот е мртов дури кога ќе престанат сите телесни функции. Доколку некој се замрзне пред тоа, тие веруваат дека науката во иднина ќе открие како процесот на умирање може да се „врати назад“.
Откако пациентот легално се прогласува за мртов, неговото тело се става на апарати, крвта се заменува со „конзерванси“ и доаѓа до транспорт на телото во седиштето на Алкор.
Телото се става во хемикалии „криптотектани“, кои ги замрзнуваат клетките до температура од -120 степени Целзиусови. Потоа, телото се оладува сѐ до -196 степени Целзиусови и се складира во течен кислород.Ако им се верува на нејзините родители и напредокот на науката и медицината, малечката Мадерин Наоваратпонг еден ден би можела да оживее. Девојчето



