Ја сакав до СМРТ, а таа ме ЗАРАЗИ со ХИВ: Неговата приказна ќе ве шокира!

Немања П. (30), кој веќе три години живее со ХИВ со кој го заразила неговата поранешна девојка, несебично им  порачува на сите задолжително  да користат заштита при односи.„Како дознав дека имам ХИВ? Сосема случајно, нема да ви се верува. Отидов во болница поради напад на епилепсија која ја имам од мал, наследна е. Бидејќи ми направија анализа на крв, докторот дојде и ми рече: „Момче, морам да ти кажам, ти имаш ХИВ. За среќа, откриен е на време, па имаш можност да живееш нормално“.
„Можам да живеам нормално со  редовно земање терапија. Со тие зборови во главата ја напуштив болницата, и ни сам не знам како се чувствував. Секако, ми беше многу тешко“.
Навраќајќи се тру години во минатото, на овој начин Немања П. (30) од Белград, се присетува како ѝ погледнал на болеста во очи со која, сакал или не, ќе мора да живее цел живот.
Неговиот идентитет не е откриен во целост, бидејќи не сака да биде дискриминиран, проблем со кој се среќаваат повеќето луќе кои ја делат истата судбина. Поради тоа, уште потешко ја поднесуваат болеста.
И нему на почетокот му било многу тешко. Со текот на времето сфатил и почнал да се теши себеси дека во животот можеле да го „стигнат“ многу потешки болести или други проблеми.
„Во однос на други болести, или загуба на други луѓе, јас би требало да бидам среќен. Можам да доживеам старост, утре и семејство да основам …. Можам да кажам дека веќе се навикнав. Но, да бидам искрен, и понатаму  ме боли што не сум „чист““ вели Немања.
На прашањето дали воопшто  има представа како се заразил тој вели:

 
„Мислам дека тоа беше мојата последна девојка. Во почетокот користевме заштита. Подоцна кога подобро се запознавме, престанавме. Тоа беше вистинска врска, се сакавме. Мислам дека ни таа не знаеле дека е заразена и ден денес не знам дали таа во меѓувреме открила дека има ХИВ. Од тогаш поминаа три години. Повеќе не сме заедно“.
Без поддршка од семејството, не би успеал. Но, иако многу мал број  луѓе знаат кој вирус го носат во себе, го погодуваат  одредени зборови кои доаѓаат од лица кои не можат ни да претпостават со што се бори.

„Бев на роденден кај пријател. Некој од нив, поздравувајќи се со мене, ми рече: „Биди ми жив и здрав“. Мене тоа многу ме погоди, иако знам дека таа личност не знае дека имам ХИВ и иако сум свесен дека тоа е само поздрав. Долго ми сметаше тоа“, додава Немања.
На крај признава дека од оваа животна епизода, која ќе потрае, научил многу поради што  на сите им порачува задолжително да користат заштита при однос.
„Научив лекција дека морам да живеам, што е многу тешко, но се борам. Моментално сум невработен, подготвувам документи за инвалидска пензија поради епилепсијата, но би сакал да се вратам во фирмата во која работев. Она што исто така го научив и што на сите им го порачувам е да се чуваат, да бидат паметни, да користат заштита и да бидат добри“, заклучува Немања.„Како дознав дека имам ХИВ? Сосема случајно, нема да ви се верува. Отидов во болница поради напад на епилепсија која ја имам од мал, наследна

Пронајдете не на следниве мрежи: