Компирот всушност неправедно се најде на оваа листа на намирници кои ги бие лош глас, со оглед на тоа што е навистина нискокалоричен само што ние со погрешна припрема го претвараме во лоша висококалорична намирница.Компирот е зеленчук за кој со сигурност може да кажеме дека сите го сакаат. Тоа е една од најраспостранетите намирници во светот, со безброј вкусни рецепти за припрема. Но, некогаш и не била толку вообичаена намирница на маса. Во Европа дошол од Јужна Америка со откриваерто на Новиот свет.
Овој распространет зеленчук е омилен токму поради тоа што е хранлив и вкусен, и создава чувство на долготрајна ситост.
Компирот е добар извор на енергија и јагленихидрати, но освен тоа е многу богат со витамин Ц. Ако мислевте дека лимоните и портокалите се тие кои содржат од овој вреден антиоксиданс, се излажавте. Неговата улога е во заштита на телото од лошото влијание на слободни радикали.
Но, освен како антиоксиданс, витаминот Ц е важен и за многу други функции кои се одвиваат во нашето тело како создавање на колаген, понатаму помага во подобра апсорпција на железо во крвта. Со висок дел на витамин Ц, компирот содржи и значајни количини на витамин Б составот, калиум, магнезиум, железо, фосфор, манган и калциум. Тоа што кај компирот е особено интересно e токму стравот од таквата намирница, етикетирана како лоша, калорична и нисконутритивна…
Компирот всушност неправедно се најде на оваа листа на намирници кои ги бие лош глас, со оглед на тоа што е навистина нискокалоричен само што ние со погрешна припрема го претвараме во лоша висококалорична намирница.
Имено, со додавање на премногу маснотија како што се зејтин, павлака и путер значително ја зголемуваме енергетската вредност на намирницата, затоа што компирот многу брзо ја впива маснотијата. Според тоа варената, пржената, печената варијанта се разликуваат во својот енергетски принос.
Препорака е наместо пржен или целосно избегнување на компир, да го сварите и да направите вкусна салата со маслиново масло и зачинете со уште малку медитерански билки. Во ваков оброк можете да уживате без страв дека ќе и наштетите на вашата витка линија. Компирот е зеленчук за кој со сигурност може да кажеме дека сите го сакаат. Тоа е една од најраспостранетите намирници во светот, со безброј вкусни



