Не, не е шпанска серија: Ќерка на помошничка наследила милиони!

Приказните во кои  ќерката на најобична помошничка наследува милиони до сега можевте да ја слушнете само во латиноамериканските серии. Но, тоа се случува и во реалниот живот.Марија дел кармен Гордо (69) ќе наследи три милиони евра откако  ДНК анализата докажала дека таа е вонбрачна ќерка на богат андалузиски земјопоседник Антонио Алварез Виљалон.
На марија ѝ биле потребни дури 30 години да дојде до вистината, иако Гордо одсекогаш  знаела дека е негова ќерка.
Мајката на марија ја родила како помошничка на Алварез уште во текот на 40-те години на минатиот век, и тогаш ја одржувала врската со богатиот бизнисмен кој  бил 25 години постар од неа.
„Кога било откриено дека била бремена, моментално добила отказ“, објаснува Фернандо Осуна адвокат на Марија дел кармен Гордо, кој потврдил дека таа сега положува право на дел од неговото богатство.
„Тоа беше навистина тешко време. Замислете како е да се биде самохрана мајка во конзервативна средина“, вели Гордо, пензионирана кројачка и додава дека тоа се одразило на нејзиното растење.
„Се сеќавам дека момчињата кои беа заинтересирани за мене бегаа штом ќе слушнеа дека немам татко“, се присетува Марија.
Таа признава дека мајка ѝ никогаш не ѝ го кажала идентитетот на нејзиниот татко, а таа никогаш не сакала да праша, поради почит кон неа.
„Но, сите во селото знаеле кој е мојот татко и ми рекоа“, вели Гордо која дури во 2014 година тргнала во борба за наследството, бидејќи не сакала да го стори тоа додека нејзината мајка е жива.
Антонио Алварез Виљалон починал уште пред 30 години. Бидејќи немал законски наследници, неговиот имот го наследила негова роднина.
Според шпанскиот закон, како единствено дете на починатиот Алварез, Гордо има право на 66 проценти од целиот имот, но  таа ќе бара да ѝ исплатат, и би требало да добие околу 3 милиони евра.Марија дел кармен Гордо (69) ќе наследи три милиони евра откако  ДНК анализата докажала дека таа е вонбрачна ќерка на богат андалузиски земјоп

Пронајдете не на следниве мрежи: